Таупо е мало населено место во средишниот дел на Северниот остров на Нов Зеланд. Градот е седиште на истоимениот округ.
Местоположба и особености
Таупо има население од 20.310 (попис од 2001). Градот се наоѓа на североисточниот агол на езерото Таупо и е туристички центар, особено летно време, бидејќи нуди добра панорама на езерото и планините северно. Како други туристички атракции, Таупо нуди и падобранство, глисирање, надводно параглајдерство и други активности од сличен тип.
Името Таупо доаѓа од маорскиот јазик, полното име му е Таупо-нуи-а-Тиа. Таупо значи наметка, нуи голема, а на и Тиа е името на човекот што го открил езерото: буквално преведено значи „Големата наметка на Тиа“.
Се протега долж автопатот State Highway 1, како и на места долж State Highway 5.
Северно од градот се наоѓа геотермичка електрана кај Ваиракеи, како и топли извори за капење на неколку места во близината на градот. Еден од најспектакуларните водопади во Нов Зеланд, водопадот Хука исто така се наоѓа во близината на градот, при почетокот на реката Ваикато.