Округот (англиски: district, маорски: rohe) е второстепена управна единица на Нов Зеланд во надлежност на окружен совет, еднен степен подолу од регионите. Создадени се со управната реофма од 1989 г. и денес постојат 53 окрузи кои, заедно со 13 градски совети и Советот на Четемските Острови ги сочинуваат територијалните единици на државата. Окрузите имаат надлежност врз подрачја со рурален карактер и помали гратчиња, а градските совети се задолжени за поголемите градските подрачја. Три окрузи (Гизборн, Тасман и Марлборо) се унитарни единици кои воедно имаат статус на региони.
Окрузите сепак не се подединици на регионите, и некои од нив припаѓаат на повеќе од еден регион. На пример, округот Таупо е разделен на дури четири региони. Регионите се физиографски целини кои ги претставуваат сливните подрачја во земјата, додека пак окрузите одразуваат стопански и сообраќајни целини. Регионалните совети имаат надлежност врз животната средина и јавниот превоз, а окружните се задолжени за месните патишта и резервати, канализацијата, градежните дозволи, исцртување парцели и други работи од месно значење. Некои дејности се ставени во надлежност на јавните претпријатија (или организации) под управа на совет.
Окрузи
Денес во земјата има 54 окрузи[1] тука наведени по региони: