Станислав Бинички

Станислав Бинички
Роден Станислав Бинички
27 јули 1872
Починал 15 февруари 1942
Белград (Југославија)
Националност Србин

Станислав Бинички (Јасика, 27 јули 1872 - Белград, 15 февруари 1942) бил познат српски композитор, диригент и педагог. Сметан е за еден од најголемите претставници на српската класична музика. Првите музички знаења ги стекнал од Стеван Мокрањца и Јосиф Маринкович, певајќи во хорот во Обилич. За време на студиите на Филозовискиот факултет во Белград го основал академското музичко друштво. После едногодишната работа во гимназијата во Лесковац каде заминува за Минхен, измеѓу 1895 и 1899 година студира композиција и соло пеење.

После завршените студии, се вратил во Белград каде што учествувал во развојот на музичките и педагошките интереси. Станува војник со чин десетар и го основа првиот симфониски Белградски воен оркестар, а во 1904 година и музиката на кралската гарда на која и диригира до 1920 година. Заедно со Мокрањца и Манојлович ја основаат Српската музичка школа. Бил хороводач на многу пејачки друштва и диригент на народното кино, каде што во 1920 година ја основал операта и бил првиот диригент и директор.

Од 1924 година се посветува на компонирањето, познат е по тоа што за своите композииции користел фолклорни мотиви. Неговото најпознато дело е првата српска опера „На Уранку“. Автор бил на бројни композиции за војни дувачки оркестри. Ја компонирал музиката за бајката Љиљан и оморика, вовед за Војничев Еквиноцио, „Наход“, „Ташана“ и други. Во февруари 2008 година во Белград е пронајдена грамофонска плоча на издавачот Concert Gramophone Record (снимено околу 1910 година) со снимка на војните капели каде што диригира Станислав Бинички. Плочата денес се наоѓа во фондот на народната библиотека на Србија. Станислав Бинички бил почитувана личност кога, кун крајот на триесеттите години на двадесеттиот век, е повикан по првпат да ги слушне нововоспоставените ѕвона на новата црква св. Александар Невски во една населба во Белград. Според записот во црковниот летопис Бинички слушајќи ги ѕвоната, воодушевен извикал: „Ете конечно и белград доби вистински црковни ѕвона“. Во неговото родно место секоја година се одржува музичката манифестација „Дани Станислава Биничког“, во рамките на кои настапиле многу угледни солисти и ансамбли.

Училиште „Станислав Бинички“

Во почетокот на 20 век, фомирано е училиштето за ниско музичко образование, со седиште во Белград, во улицата „Сењачкој“ број 31, која го носи називот по Станислав Бинички. Низ ова школо поминале многу врвни уметиници на денешницава, коишто основното музичко образование го стекнале од врвни педагоги и стручњаци од ова школо. Некои од споменатите музички уметници, денес на светски признат глас се: Александар Маџар, Ивица Ватович, Бојан Чалдович, Радмила Вардалич и многу други. Тие го стекнале знаењето од: Војислав Вукович Терзич, Радојке Херман, Емилије Герасимович, Душана Антоновича и други музички педагози. Школата до денес имала пет директори:

  • Меланија Штрос (првиот директор и основач на училиштето);
  • Миодраг Јаковљевич;
  • Милош Павлович;
  • Драган Иванович;
  • Радојка Херман.

Од 1988 година и лесковачкото музичко училиште (основано 1949 година) го носи името на Станислав Бинички. На почетокот на XX век е основана школата за нижо музичко образование со седиште во Белград која го носите името на Станислав Бинички.

Надворешни врски

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!