црква некропола
Селиште — археолошко наоѓалиште во кичевското село Кленоец. Претставува средновековна црква и некропола. Се наоѓа на околу 500 метри источно од селото, на мала височинка со стрмни падини, каде е изградена црква посветена на св. Богородица. Црквата е подигната врз темели од стара црква околу која имало гробови градени од камени плочи.[1]