некропола
Јачмиште — археолошко наоѓалиште во кичевското село Осој. Претставува некропола од доцниот среден век. Се наоѓа на околу 1 км западно од селото, каде при копање на канал за наводнување биле откриени и уништени 12 гроба градени од камени плочи, поставени во правецот исток-запад. Во еден од гробовите било најдено бронзено копче.[1]