Сент Мориц за првпат се споменува околу 1137–39 година како ад санктум Маурициум (латински: ad sanctum Mauricium).[3] Селото името го добило името по Свети Маврициј, ранохристијански светец од јужен Египет кој бил мачен во 3 век во Римска Швајцарија додека служел како водач на Тебанската легија.
Освен тоа, Сент Мориц бил домаќин на Светското првенство во боб и скелетон санкање рекордни 21 пат. Од 1985 година, тој е домаќин на Сноу Поло Сент Мориц, турнир на кој учествуваат многу од најдобрите тимови на светот и се игра на посебно обележан терен на замрзнатото езеро. [4]
Сент Мориц е исклучително популарен во летните месеци како место за висински подготовки за спортски тркачи, најчесто велосипедисти, тркачи на долги патеки и тркачи во брзо одење. Популарен е поради надморската висина, временските услови, атлетската патека од светска класа и многуте други патеки и патчиња во околината.