Настанува во извориштето Мочур (на надморска височина од 1.650 м), во јужните падини на планината Челоица, источно од Кичево. Поминува низ селата Рабетино, Дупјани, Светораче и Речани, и се влева во левата страна на Треска, кај с. Лисичани, на висина од 575 м. Нејзиниот слив соодветствува на подобласта Горно Рабетино.
Опис
Вкупната должина од изворот до вливот и изнесува 15,4 км, минималната должина 13,1 км а коефициентот на развиеност е 1,18. Вкупниот пад помеѓу изворот и вливот изнесува 1.075 м а просечниот 69,8‰.[1] Вкупната должина на водоразделната линија и изнесува 37,0 км, а сливот зафаќа 65,5 км2.[2]
Долина
Долината има правец на протегање север-југ. Во горниот тек сè до селото Рабетино таа има изразито планински карактер. Јужно од Светораче нејзината плавина се проширува, а самата долина е всечена во дното од средишната езерска рамнина.
Во долниот тек Рабетинска Река е всечена меѓу возвишенијата Старец (1.035 м) и Кале (1.022 м) од една и Чука од другата страна.[1]
Притоки
Ова се притоките на Рабетинска Река, кои се повремени или трајни водотеци, наведени по редослед на течението:
Рабетино (или Рабетинкол) е област во Кичевијата која го опфаќа сливот на Рабетинска Река и долниот тек на реката Треска, од селата Лисичани и Челопеци, па до селото Латово. Се дели на два дела: Горно Рабетино (споменатиот слив) и Долно Рабетино.