Прељупски Рид — археолошко наоѓалиште во преспанското село Прељубје. Претставува населба од доцноантичко време. Се наоѓа на 1 км југоисточно од селото, во лозје на жител од селото Долно Перово, каде бил откриен питос. Во околните ниви се среќаваат фрагменти од керамички садови и множество градежен материјал.[1]
Поврзано
Наводи