Гумење — археолошко наоѓалиште во преспанското село Горно Крушје. Претставува населба од доцноантичко време. Се наоѓа северно од селото, во непосредната близина на наоѓалиштето Св. Спас, каде има издолжено плато што се надоврзува на ридот Крушичка Краста. Според кажувањето на мештаните, при обработувањето на земјата тие наидувале на ѕидови од објекти. По површината има фрагменти од керамички садови, питоси и многу градежен материјал.[1]
Поврзано
Наводи