Правописот и правоговорот на македонскиот јазик, познати како ортографија и ортоепија, се стандардните јазични норми на секој јазик со кои се наведува правилниот говор и правилното пишување.
Под правопис се подразбира правилен начин на пишување т.е. правилна употреба на графичките знаци и на интерпункцијата во даден јазик, како и правилна примена на сите законитости според кои се утврдуваат правилата. Сето ова се сфаќа како унифициран збир на правила за пишување на зборовите. Правоговорот се дефинира како правилен изговор на напишаното и на кажаното. Правоговорот налага секој зборувач на еден јазик да ги почитува правоговорните норми. Правописот на македонскиот јазик од моментот на својата стандардизација претрпел неколку измени, односно имало мали измени во правописот во 1945, 1950, 1970 и 1998 година.[1] Во февруари 2016 година бил претставен новиот правопис на македонскиот јазик, подготвен од 48 учесници, а објавен од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“.[1] Во 2017 г. излегло второ издание на овој правопис, кое е ставено на располагање на посебен портал на НУБСК.
Природа и развој на македонскиот правопис
Во лингвистиката, правописните правила се категоризираат во една од трите главни типови: фонетски или фонолошки, морфолошки и етимолошки правопис. Фонетскиот правопис се однесува на гласот или се управува според гласот и таков вид на правопис има во македонскиот, српскиот, хрватскиот или албанскиот јазик. Со други зборови, во овој вид на правописи се пишува како што се чита. Во основа на морфолошкиот правопис лежи строежот на зборот т.е. без разлика како се изговара, секоја морфема си ја задржува основната форма и таков правопис е на пример бугарскиот. На крај, етимолошкиот правопис е правопис кој се заснова на постара пишана форма на еден јазик, како што е англискиот или францускиот правопис. Важно е да се напомене дека нема ниту еден правопис кој е чист по природа, односно мора да има елементи од најмалку еден друг вид на правопис покрај основниот.[2]
Правописот на македонскиот јазик се занимава со правописните правила, нивно изучување, подобрување и одржување. Во склоп на македонскиот правопис спаѓа правописот на самогласките и согласките, употреба на голема буква, слеано и разделно пишување на зборовите, делење на зборови, скратеници, транскрипција, интерпункциски знаци и правописни знаци.
Кај придавките на -ен: гладен, гладна, гладниот итн.; радосен, радосниот итн., но: дрвен, дрвена итн. (но: дрвна индустрија)
о
Кај именките:
Кај именките лакот - лактот, лакти; нокот - ноктот, нокти;
Кај именките на -ок: потомок - потомци, но: четврток- четвртоци
Кај придавките: редок - ретка; сладок - слатка; близок- блиска, но: висок - висока, широк - широка
Во наспоредни форми: собере- збере
а
Кај туѓите зборови на -изам: комунизам - комунизмот, фашизам - фашизмот
Кај придавките со наставка -ар: бодар - бодриот, добар - добриот итн.
Кај именки на -ар: ветар - ветрот, ветрови. Кај туѓите именки на -ар: метар - метри итн.
Употреба на голема и мала буква
Со голема буква се пишуваат:
Почетниот збор на реченицата.
Имињата, презимињата и прекарите, имињата на животните и фамилиите.
Посвојните придавки изведени од лични имиња со наставките -ов, -ев и -ин.
Географските и топографските имиња. Ако се составени од повеќе зборови, сите се пишуваат со голема буква.
Имињата на жители на континенти, држави, области, национална припадност, припадници на племиња.
Имиња на институции, улици, кејови, плоштади, објекти, организации, фестивали, имиња на книги, уметнички творби, весници, списанија, написи, закони, прописи, документи, како и називите на востанијата, војните, битките и мировите. Голема е буквата само на првиот збор, освен ако не е лично име.
Имиња на небесни тела.
Кога по две точки (:) следува директен говор.
Имиња на празници.
Од почит, заменките „вие“ и „ваш“, како и други зборови.
Со мала буква се пишуваат:
Жители на населени места.
Придавки изведени од лични имиња и географски поими.
Имиња на месеци, денови во неделата, годишни времиња.
Имиња на училишни предмети.
Правопис на самогласно Р
Гласот р врши служба на самогласка во случаите како: крв, дрво, срце,трн,прв,врв,трча,крт итн. Во почетокот на зборот: ’рж, ’рѓа, ’рска, ’рнка, ’рга, ’рбет. Овие зборови со претставка што завршува на самогласка: за’ржи, на’рга. Со претставка што завршува на согласка: сржи, срска. Значи буквата „р“ некогаш се јавува како самогласка.
Правопис на Ј
1. Ј секогаш се пишува меѓу И и А (исклучоци: заемки како алиас, прилогот иако, слеани зборови како триаголник итн.)
Марија, историја, Македонија.
2. Кога во зборот ќе се најдат три самогласки една до друга, меѓу последните две се пишува Ј.
пееја, знаеја, умееја, успеаја.
3. Кај именките изведени од глаголи со наставката -јач.
пејач, сејач, скијач.
4. Се пишува во формите на заповеден начин.
пиј-пијте, пеј-пејте.
5. Во наставката на глаголскиот прилог -јќи.
одејќи, пеејќи, мислејќи.
6. Ј се пишува во еднинските форми кај некои зборови.
мој, кој, свој, твој, секој...
7. Ј не се пишува меѓу две самогласки од кои втората е Е или И.
мое, мои, бои, крои, шие.
Правопис на Ќ и Ѓ
1. Ќ се пишува во честичката за идно време ЌЕ.
ќе одам, ќе учам
2. Ќ се пишува во наставката -ЈЌИ.
одејќи, спиејќи
3. Ќ се пишува на почетокот од зборот.
ќебе, ќерка, ќерамида
4. Ќ не се пишува пред И кај туѓи зборови.
кибрит, килим, килибар
5. Ѓ не се пишува пред Е во туѓи зборови.
ангел, Германија, генерал
Правопис на Л и Љ
Л се пишува во зборовите: лут, клун, клуч, лупи...
Пред Ј не се пишува Љ: волја, фотелја, Билјана, неволја, крилја, илјада.
Во еднина: детаљ; во множина: детали.
Во почетокот на зборот, само во коренотљуб-: љуби, љубов, Љубе, Љубен, Љупка, Љубица, Љубојно итн. Во други случаи нема љ: лубеница, луѓе, клун, клуч итн.
Во други случаи: вљубен, пљачка итн.; Иљо, Кољо; Иљка; фељтон, фељтонист.
Во еден број случаи се создава двојство: дух, воздух, но: задув; поход, доход, но: оди, наоѓа; храна (за разлика од рана!), но: ранениче. Во други случаи не се изговара и пишува во почетокот на зборовите: леб, арно, ајдутин, армоника, убав, убавина итн.
Во средината и на крајот на зборот х или се загубило или преминало во друг глас:
Во некои дијалекти се загубило: тетоски место тетовски, чоек место човек итн., односно се претвора во ј: зборој место зборови итн.
Правопис на Џ
џ се развило од ж: џвака, џгура итн.
Кај туѓите имиња: Риџвеј и сл. и кај туѓи зборови како се: џин, џигер итн.
Се добива од ч пред звучна согласка: лиџба < *личба
Кај наставката -џија: тутунџија, џамџија итн.
Правопис на Њ
На крајот на зборовите: коњ, сињ (и син) (боја)
Во множината на именките на -ен: пламење, камење итн.
Кај глаголските именки на -ње: барање, движење итн.
Во неколку именки на -ња: бања, диња, свиња итн.
Во збирните именки (место множина): ремен - ремење, корен - корење итн.
Во наставката -иња за множина на некои именки во среден род на -е: име - имиња; прасе - прасиња итн.
Кај некои несвршени глаголи: мени - мењава; се поклони - се клања итн.
Правопис на броевите
1. Бројот 6 се пишува со т на крајот: шест 2. Кај десетките: 50 - педесет, 60 - шеесет, 90 - деведесет.
3. Кај стотките: 100 - сто, 200 - двесте, 300 - триста, потоа сите стотки ја имаат наставката -стотини, 400 - четиристотини, 500 - петстотини, 600 - шестотини.
Исто е и кај приближните: 600-700 - шест-седумстотини.
4. Се пишува: илјада, но: милион, милијарда, билион.
5. Сложените броеви што се поврзуваат со и се пишуваат одвоено.
23 - дваесет и три, 174 - сто седумдесет и четири, 1266 - илјада двесте шеесет и шест.
6. При членување: двата (двете), трите, петте, шесте, деветте; додека кај стотките е различно: стоте, двестето, тристата, па потоа: четирите стотини, петте стотини, шесте стотини итн.
7. Кај бројноста за лица: двајца, тројца, четворица, па потоа: петмина, шестмина, седуммина, осуммина, деветмина итн.
Слеано и разделено пишување на зборовите
Два или повеќе одделни збора добиваат ново значење откако ќе се спојат во еден сложен збор. Во зависност од степенот на срастување, овие зборови може да се пишуваат слеано или со цртичка меѓу компонентите.
Слеано пишување
1. Сложените именки и придавки поврзани со самогласките О и Е се пишуваат слеано.
2. Именките и придавките со прв дел: пол-, полу-, се пишуваат слеано.
3. Сложените именки или придавки кај кои првата компонента е број или бројна придавка.
4. Сложените именки од кои првата компонента им е глагол во заповедна форма.
5. Сложените именки и придавки на кои првата компонента им е заменска форма.
6. Имињата на празниците во чиј состав влегува зборот „ден“.
7. Сложените именки кај кои како прва компонента се јавуваат туѓите зборови: авио, авто, астро, хидро, микро.
8. Сложените именки кај кои втора компонента се грам, литар, метар.
9. Сложените придавки на кои првата компонента им е прилог.
10. Слеано се пишуваат и зборовите чија втора компонента е -пат, -пати.
11. Слеано се пишуваат и придавките: социјалдемократски, средновековен; како и сложените прилози: вчеравечер, едноподруго, отсега, напролет, предвид, претпладне, сосила, поинаку, понекогаш.
12. Негацијата НЕ се пишува слеано со придавки, прилози и именки.
Со глаголите, негацијата НЕ не се пишува заедно. Исто така, не се пишува заедно со глаголскиот прилог.
13. Претставките ПО- и НАЈ- за образување компаратив и суперлатив се пишуваат слеано.
14. Сложените релативни сврзници добиени од заменките кој, чиј и што: којшто, којашто, коешто, коишто, чијшто, чијашто,чиешто, чиишто.[3]
Разделено пишување
1. Негацијата НЕ со глагол или глаголски прилог се пишува разделено.
2. Кратките заменски форми зад именките со роднинско значење.
3. Поздравите што се составени од два или повеќе збора (исклучок: добровечер).
4. Разделно се пишуваат и: сѐ уште, на пример, од сѐ срце.
5. Одделно се пишуваат релативните сврзници: кај што, каде што, како што, колку што, каков што, каква што, какво што, какви што.[4]
Делење на зборот на крајот од редот
Делењето се бележи со цртичка (-) во истиот ред, а во новиот го пишуваме остатокот од зборот.
Слоговите можат да бидат отворени и затворени.
а) Отворени се оние слогови што завршуваат на самогласка.
ра-ка
б) Затворени се оние што почнуваат и завршуваат со согласка.
вер-ник
Зборот го делиме онаму каде што завршува слогот.
1. Кога ќе се најдат две самогласки една до друга, тие се разделуваат.
бур-жо-а-зи-ја, пе-ат
2. Кога ќе се најдат две согласки една до друга, тие се разделуваат.
кос-ка, пот-тик-ну-ва.
3. Наставките: -ски, -ство и -ствен, се пренесуваат целосно во новиот ред, без разлика дали слогот завршува на самогласка или согласка.
тргов-ски, чув-ство
4. Наставките: -штво, -шки, -чки, треба (не смеат да се делат)- да се пренесат целосно.
чове-штво/, ма-шки/
Интерпункција
Точка (.)
1. Точка се пишува на крајот од расказните реченици и на крајот од речениците со кои се искажува блага заповед;
2. Правописно, точка се пишува кај скратениците;
3. Кога набројуваме, зад редните броеви (ако се напишани со арапски цифри);
4. Кај датумите, ако се напишани со арапски цифри, се пишува точка, а ако се напишани со римски не се пишува точка.
Запирка (,)
Запирка во проширена реченица
1. Со запирка се одделуваат еднаквите делови во реченицата (подмети, предмети, атрибути), како набројување.
Доматите, пиперките, морковите и компирите беа скапи оваа година.
2. Апозицијата се одделува со запирка.
Тони, мојот сосед, има убаво куче.
3. Извиците се одделуваат со запирка.
Оф, нешто ме боцна.
4. Вметнатите зборови и изрази се одделуваат со запирка.
Вие, се разбира, сте во право.
5. Зборовите за обраќање се одделуваат со запирка.
Мамо, јас ќе си легнам.
6. Запирка се става и пред зборовите: то ест, односно, и тоа, како и; пред спротивните сврзници: а, ама, но, туку.
Тој нема да дојде, т.е. не може да дојде.
Јас го направив тоа, а не ти.
7. Потврдната честица ДА и одречната НЕ, се одделуваат со запирка кога стојат на почетокот од реченицата.
Да, ќе дојдам.
Не, не доаѓам.
Запирка во независносложената реченица
1. Составните реченици се одделуваат со запирка, освен кога се поврзани со сврзникот И. Пред сврзникот И никогаш не се пишува запирка.
Тој дојде, седна и почна да чита.
2. Спротивните реченици редовно се одделуваат со запирка.
Не зборувај, туку слушај.
3. Разделните реченици не се одвојуваат со запирка, освен ако втората е особено истакната или реченицата е премногу долга.
Или слушај ме, или ќе те истепам!
4. Исклучните и заклучните реченици се одвојуваат со запирка.
Сите дојдоа, само тој не дојде.
Тој дојде, значи ме сака.
Запирка во зависносложената реченица
1. Сите зависни реченици кога се во инверзија или се вметнати, се одделуваат со запирка.
Кога ќе дојдеш, ќе учиме заедно.
2. Кога се во обичен ред може, но и не мора да се одвојат со запирка. Тоа зависи од потесната или полабавата врска меѓу нив.
3. Исказните и целните реченици никогаш не се одделуваат со запирка.
Тој рече дека ќе дојде.
Тој застана да купи леб.
Прашалник (?)
1. Прашалник се пишува на крајот од прашалната реченица.
Ќе дојдеш ли утре кај мене?
2. Се пишува зад прашални зборови и искази.
Кога? Каде? Зошто?
Извичник (!)
1. Извичник се пишува на крајот од извичните реченици.
2. На крајот од речениците со кои се искажува построга заповед.
3. Во речениците со кои искажуваме силна возбуда.
4. Зад извици со кои се искажуваат разни чувства или служат за имитирање звуци или животински гласови.
Две точки (:)
1. Две точки се пишуваат пред набројување.
Денес по распоред имаме: англиски, математика...
2. За директен говор, пред туѓите зборови се пишуваат две точки.
Томе рече: „Денес ќе си одиме порано“.
Точка и запирка (;)
1. Точка и запирка се пишува помеѓу проширени еднородни делови на реченицата, особено кога во нив има запирки.
На состанокот ќе дојдат: Марко, претседателот на класот; Весна, заменикот и Милена, благајникот.
2. Точка и запирка се пишува по зависни реченици кои се однесуваат на една главна.
Кога ќе научиш; кога ќе си ја средиш собата; кога ќе ги напишеш домашните задачи; тогаш можеш да излезеш.
3. Пред сврзниците: но, сепак, меѓутоа, може да се напише точка и запирка, особено ако во реченицата има многу запирки.
Ние му зборувавме, му укажувавме, го молевме; но ништо не помага.
4. Со точка и запирка се одделуваат и разни заклучоци, решенија и сл. кои се набројуваат под точки.
1. -----;
2. -----;
3. -----.
Наводници („ “)
1. Наводници се пишуват во цитати, нечии искази што се претставуваат директно, онака како што се кажани или напишани.
Тој рече: „Денес добро се чувствувам“. Правописно, ако реченицата завршува со точка, се пишува: наводници - па точка (“.); ако завршува со прашалник, извичник, три точки, тогаш прво се пишуваат тие - па наводниците
Тој праша: „Ќе дојдете кај мене?“
Има исклучок. Видете ја разликата.
I
„Каде одиш?“
„На пазар.“
„Те молам купи ми едно кило краставици.“
„Добро, нема проблем.“
II
Аце рече: „Те видов вчера“. Марио одговори: „Јас не те видов“.
Значи кога директно пишуваме дијалог, точката се пишива во наводниците, а кога има две точки нпред наводниците на пример, тогаш точката е после наводниците.
2. Во наводници се пишуваат: наслови на книги, песни, раскази, весници, списанија, имиња на установи, претпријатија итн. 3. Во наводници се пишуваат и зборовите кажани во спротивна смисла или пак нагласени зборови.
Тој е многу „добар“. (лош)
Како мислиш јас сум „ексцентричен“?Значи кога нагласуваме зборови на крајот од прашални реченици, тогаш тие се пишуваат после наводниците. Ова е исклучок. Во сите други случаи, се пишуваат внатре.
Загради ()
1. Во загради се пишуваат оние зборови, изрази или цели реченици кои дообјаснуваат нешто.
Тој бил во градот Малме (Шведска).
2. Во загради се пишуваат забелешките (ремарките) во драмите.
Лиле (влегува од левата страна): Добар ден!
Црта (тире) (-)
1. Црта се употребува наместо наводници при пренесувањето на туѓи зборови.
- Каде си тргнала? - праша Марко.
- Никаде, - одговори Каролина.
2. Црта се пишува пред збор, израз или цела реченица што сакаме да ја истакнеме.
Тој научи за денес, ама - попусто, професорот не го праша.
3. Црта се става и на местото од испуштени зборови.
Ние за волкот - а тој на врата.
4. Црта се става пред показната заменка тоа кога се поврзуваат именскиот прирок и подметот.
Зависта - тоа е најлошата особина на човекот.
5. Пред показните честити еве, ене, ете и пред показните заменки тоа, ова, она се пишува црта кога со нив опфаќаме некое набројување.
Чистиот воздух, прошетките и вежбите - тоа е мојот појадок.
6. Меѓу броевите, наместо предлогот до може да се напише црта.
Тие работат од 10-12 часот.
7. Црта се пишува и меѓу две места за да се означи правецот на движењето од едното до другото место.
Вечерва се случи сообраќајна несреќа на патниот правец Скопје - Велес.
Цртичка
8. Сложенките кои го чуваат своето самостојно значење се поврзуваат со цртичка.
предлог-закон, жиро-сметка, охридско-преспански, три-четири
9. Помеѓу двојни презимиња се пишува цртичка.
Марија Матовска-Стојановска.
10. При префрлање на зборовите во друг ред, пишуваме цртичка.
Апостроф
1. Како правописен знак, апострофот се пишува на местото на изоставен глас во зборот.
м’гла, с’нце
2. На почетокот од зборот пред самогласното р.
’рж, ’рти, ’ржи.
Надреден знак
1. Над самогласката е во кратката заменска форма нас нѐ, за да се разликува од негацијата не.
Кога влеговме, не нѐ забележаа веднаш.
2. Над самогласката е во прилогот сѐ за да се разликува од кратката заменска форма од повратната заменка себе се која често ја употребуваме со повратните глаголи.
Сѐ се случи многу брзо.
3. Над самогласката и кај кратката заменска форма од нејзе ѝ за да се разликува од сврзникот и.
Не ѝ рече ништо и не ѝ дозволи да зборува.
↑„Издаден нов правопис - отворена книга за жив јазик“, Дневник, година XX, број 5992, четврток, 18 февруари 2016, стр. 19.
^ Бојковска, Стојка; Лилјана Минова - Ѓуркова, Димитар Пандев, Живко Цветковски (декември 2008). Саветка Димитрова (уред.). Општа граматика на македонскиот јазик. Скопје: АД Просветно Дело. ISBN978-9989-0-0662-7 Проверете ја вредноста |isbn=: checksum (help).CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
^ Стојка Бојковска, Димитар Пандев, Лилјана Минова - Ѓуркова, Живко Цветковски (2001). Македонски јазик за средно образование. Скопје: Просветно Дело АД.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
^ Б. Видоески, К. Конески, Т. Димитровски, Р. Угриновска-Скаловска (1998). Правопис на македонскиот литературен јазик. Просветно Дело. стр. 57.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
CountHenning Ludvig Hugo HamiltonBorn(1814-01-16)16 January 1814Stockholm, SwedenDied15 January 1886(1886-01-15) (aged 71)Amélie-les-Bains, FranceEducationUppsala UniversityOccupation(s)Count, politician, government official, authorPolitical partyJunker PartyMovementConservative Count Henning Ludvig Hugo Hamilton (16 January 1814 – 15 January 1886)[1][2] was a Swedish count, politician, government official and author. His father was Gustaf Wathier Hamilton. Today he is...
Фур'є-спектроскопія — метод вимірювання спектрів, в якому інформація про когерентність сигналу (наприклад електромагнітної хвилі) накопичується у вигляді часової або просторової розгортки, до якої застосовується перетворення Фур'є. Метод застосовується в широкому ...
← 1880 • • 1892 → Elecciones presidenciales de 1886Presidente para el período 1886-1892300 electores para elegir al Presidente de la Nación151 electores necesarios para ganar Fecha Domingo 11 de abril de 1886 Tipo Presidencial Período 12 de octubre de 188612 de octubre de 1892 Demografía electoral Población 3,094,000 Votantes 61,900[1] Participación 2 % 0 % Resultados Miguel Juárez Celman – PAN Voto...
Carmen Barth Informações pessoais Nome completo Carmine R. DiBartholomeo Categoria médio Nascimento 13 de setembro de 1912Cleveland, Estados Unidos Nacionalidade norte-americano Morte 17 de setembro de 1985 (73 anos)Lorain, Estados Unidos Medalhas Jogos Olímpicos Ouro Los Angeles 1932 Peso médio Carmine R. DiBartholomeo, mais conhecido como Carmen Barth (Cleveland, 13 de setembro de 1912 – Lorain, 17 de setembro de 1985), foi um boxeador estadunidense, campeão olímpico.[1] ...
Artikel ini sebatang kara, artinya tidak ada artikel lain yang memiliki pranala balik ke halaman ini.Bantulah menambah pranala ke artikel ini dari artikel yang berhubungan atau coba peralatan pencari pranala.Tag ini diberikan pada Februari 2023. V-1GenreMusikRealitasPresenterKang Ho-dongNegara asalKorea SelatanBahasa asliKoreaJmlh. musim1Jmlh. episode3ProduksiLokasi produksiKorea SelatanRumah produksitvNDistributortvNRilisJaringan aslitvNRilis asli13 September (2019-09-13) –15 Sep...
هذه المقالة يتيمة إذ تصل إليها مقالات أخرى قليلة جدًا. فضلًا، ساعد بإضافة وصلة إليها في مقالات متعلقة بها. (مارس 2019) والتر هاميلتون معلومات شخصية تاريخ الميلاد 10 مارس 1863 تاريخ الوفاة 1 سبتمبر 1955 (92 سنة) مواطنة أستراليا المملكة المتحدة لبريطانيا العظمى وأيرلندا منا...
Angkatan Bersenjata Kerajaan Kambojaកងទ័ពយុទ្ធពលខេឞរភូមិន្ទKâng Yoŭthôpôl KhémôrôphumĭntLambang Angkatan Bersenjata KambojaSloganជាតិ សាសនា ព្រះមហាក្សត្រCheate Sasanea Preahmhaksaat(Negara, Agama, Raja)Didirikan9 November 1953Formasi terkini24 September 1993Angkatan Angkatan Darat Angkatan Laut Angkatan Udara GendarmeriMarkas besarPhnom Penh, KambojaKepemimpinanPanglima tertinggi Raja Norodom Sih...
يفتقر محتوى هذه المقالة إلى الاستشهاد بمصادر. فضلاً، ساهم في تطوير هذه المقالة من خلال إضافة مصادر موثوق بها. أي معلومات غير موثقة يمكن التشكيك بها وإزالتها. (ديسمبر 2018) Zalaqi-ye Gharbi Rural District دهستان ذلقي غربي التقسيم الإداري الإيراني الإحداثيات 32°52′34″N 49°18′07″E / 32.8761111...
Vorbeimarsch des Bayerischen Schützenkorps Epp, 20. Mai 1919 (Aufnahme von Heinrich Hoffmann) Das Freikorps Epp war ein militärischer Verband aus Freiwilligen und Zeitfreiwilligen in der frühen Weimarer Republik. Benannt nach seinem Führer, Oberst Franz Ritter von Epp, dem Kommandeur des Münchner Leib-Regiments im Ersten Weltkrieg, war das Freikorps nach der Aufstellung im Frühjahr 1919 zunächst an der Niederschlagung der Münchner Räterepublik beteiligt. Anschließend wurde das Freik...
Internet service provider The former NATO-bunker in Zeeland that housed CyberBunker. Entrance to the CyberBunker bunker. CyberBunker was an Internet service provider located in the Netherlands and Germany that, according to its website, hosted services to any website except child pornography and anything related to terrorism. The company first operated in a former NATO bunker in Zeeland, and later in another former NATO bunker in Traben-Trarbach, Germany. CyberBunker served as a web host for ...
Weather system For the term in fluid dynamics, see Wake. Image showing the pressure pattern around an organized thunderstorm complex. Near the strong wake low, strong winds and a temperature spike were recorded A wake low, or wake depression, is a mesoscale low-pressure area which trails the mesoscale high following a squall line.[1] Due to the subsiding warm air associated with the system's formation, clearing skies are associated with the wake low. Once difficult to detect in surfac...
2002 role-playing video game 2002 video gameUnlimited SagaNorth American cover artDeveloper(s)SquarePublisher(s)JP: SquareNA: Square EnixEU: Atari EuropeDirector(s)Akitoshi KawazuProducer(s)Akitoshi KawazuDesigner(s)Kyouji KoizumiProgrammer(s)Takaaki TonookaArtist(s)Yusuke NaoraTomomi KobayashiWriter(s)Jyunichi ShinomiyaComposer(s)Masashi HamauzuSeriesSaGaPlatform(s)PlayStation 2ReleaseJP: December 19, 2002NA: June 17, 2003EU: November 7, 2003Genre(s)Role-playingMode(s)Single-player Unlimited...
Một chương trình tìm kiếm tài năng của trường Trung học St Ninian tại Glasgow, Scotland. Một chương trình tìm kiếm tài năng là một sự kiện nơi các thí sinh biểu diễn các tiết mục như hát, nhảy, múa, diễn xuất, hát nhép, chơi nhạc cụ, võ thuật hoặc một hoạt động gì khác để phô diễn kỹ năng và tài năng của bản thân trong lĩnh vực đó. Nhiều chương trình tìm kiếm tài năng là một chuỗ...
Book by T. E. Lawrence Pillars of Wisdom redirects here. For the three novels by Alexander McCall Smith, see The 2½ Pillars of Wisdom. Seven Pillars of Wisdom Tooling on the cover of the first public printing, showing twin scimitars and the legend: the sword also means clean-ness + deathAuthorT. E. LawrenceCountryUnited KingdomLanguageEnglishPublisherprivate editionPublication date1926 (completed 1922)ISBN0-9546418-0-9OCLC54675462 Seven Pillars of Wisdom is the autobiographical account of th...
This article relies largely or entirely on a single source. Relevant discussion may be found on the talk page. Please help improve this article by introducing citations to additional sources.Find sources: 1889–90 Preston North End F.C. season – news · newspapers · books · scholar · JSTOR (December 2021) Preston North End 1889–90 football seasonPreston North End1889–90 seasonManagerE.H. BahrStadiumDeepdaleFootball League1stFA Cup3rd RoundTop goals...
Este artículo o sección necesita referencias que aparezcan en una publicación acreditada.Este aviso fue puesto el 7 de noviembre de 2011. Ciclovías del Gran Concepción es una red de vías exclusivas para el uso de bicicletas que buscan dar una alternativa para el transporte para el Gran Concepción. Su mayor ramal continuo conecta el Sector de la Vega Monumental con la Universidad de Concepción y el sector de Michaihue en San Pedro de la Paz.[1] Historia En el marco del plan Biov...