Полониум во Земјината кора се наоѓа само во траги и тоа само во рудите на уран. Не може во големи количини да се наоѓа во минералите поради краткото време на полураспаѓање. Рамнотежната количина е околу 0,004 mg на еден тон. Полониум има 33 изотопи чии атомски маси се наоѓаат измеѓу 194 и 218. Нема постојани изотопи. Најпостојан изотоп е изотопот 209 (со време на распаѓање од 105 години), но тој не се јавува во природата, туку е добие со вештачка синтеза на јадро на бизмут со бомбардирање на неутрони. Најпостојан изотоп кој се јавува во природата е изотопот 210, кој има време на полураспаѓање од 135 дена.
Добивање
Полониум во природата се јавува како оксид. Сепак неговата количина во рудите е доста мала така што во индустријата најисплатливо добивање е со бомбардирате на неутрони од бизмут. Неговата годишна проукција во светот изнесува сè на сè од 20 до 30 грама. Значаен извор на овој елемент е распаднат радон од болниците каде овој гас се употребува за лечење на рак.
Чистиот полониум е радиоактивен, сребреносив метал. Неговите физички и хемиски својства се слични со оние на селен.
Извори
↑Thayer, John S. (2010). „Relativistic Effects and the Chemistry of the Heavier Main Group Elements“: 78. doi:10.1007/978-1-4020-9975-5_2. Наводот journal бара |journal= (help)