Избувноста се утврдува според три мерки: зафатнина на исфрлениот материјал, висината на избувниот облак и квалитативните (од „благ“ до „мегаколосален“). Скалата има отворена горна граница, при што најголемите вулкани во историјата имаат величина 8. Вредноста 0 ја носат неизбувните изливи (помалку од 10.000 м3 исфрлена тефра), а со 8 се означени мегаколосалните избуви што исфрлаат 1,0 × 1012 м3 (1.000 км3) тефра и облак со столб висок 20 км. Скалата е логаритамска, каде секој интервал на скалата претставува десеткратно зголемување на забележениот материјал, with the exception of between VEI-0, VEI-1 и VEI-2.[1]
Класификација
Показателите зависат од количината на исфрлен вулкански материјал, висината на исфрлање и траењето на избувот. Скалата е логаритамска од VEI-2 нагоре, при што секој степен е десеткратно посилен од претходниот. Помеѓу 1 и 2 долната граница на количината исфрлен материјал скока стократно од 10.000 на 1.000.000 м3, а сите повисоки степени се десеткратни.
Утврдени се вкупно 47 избуви со јачина VEI-8, кои се случиле од ордовикот до плеистоценот.Од нив, 42 се случиле во изминатите 36 милиони години. Најмлад од нив е избувот на езерото Таупо во Нов Зеланд пред 25.360 години, што значи дека избув со јачина VEI-8 се нема јавено во холоценот (последниве 10.000 години).[5] Утврдени се барем пет холоценски избуви поголеми од VEI-7. Во тој период се случиле барем 58 плиниски избуви и 13 каледерообразувачки настани со голема, но непозната јачина. Веројатно има многу други избуви кои сè уште не се утврдени.
Кон 2010 г. Глобалната програма за вулканизам на Смитсоновата установа од Вашингтон има класификувано 7.742 избуви во холоценот (последниве 11.700 години) или 75% од познатите избуви во тоа раздобје. Околу 90% од нив се VEI-3 или помал. Околу 49% од истите се VEI-2.[6]
↑„Volcanic Explosivity Index (VEI)“. Global Volcanism Program. Smithsonian National Museum of Natural History. Архивирано од изворникот на November 10, 2011. Посетено на August 21, 2014.
↑Dosseto, A. (2011). Turner, S. P.; Van-Orman, J. A. (уред.). „Timescales of Magmatic Processes: From Core to Atmosphere“. Wiley-Blackwell. ISBN978-1-4443-3260-5. Отсутно или празно |url= (help)
↑Rothery, David A. (2010). „Volcanoes, Earthquakes and Tsunamis“. Teach Yourself. Отсутно или празно |url= (help)
↑
Mason, Ben G.; Pyle, David M.; Oppenheimer, Clive (2004). „The size and frequency of the largest explosive eruptions on Earth“. Bulletin of Volcanology. 66 (8): 735–748. Bibcode:2004BVol...66..735M. doi:10.1007/s00445-004-0355-9.
↑
Siebert, L.; Simkin, T.; Kimberly, P. (2010). Volcanoes of the World (3. изд.). University of California Press. стр. 28–38. ISBN978-0-520-26877-7.