Перишор (грчки: Περισσόρ) — поранешно село во Негушко, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Негуш на Солунскиот округ, Грција.[1]
Селото се наоѓало северозападно од градот Негуш, меѓу селата Јанаково, Голема Река и манастирот „Св. Јован Претеча Надворешен“.[1]
Селото зело активно учество во Негушкото востание во 1822 г. При задушувањето на востанието војската на Лобут-паша го срамнила селото со земја тоа повеќе не било обновено.[1]
При посетата Егејска Македонија за време на Првата светска војна, Боривое Милоевиќ евидентирал една куќа во Негуш чиј предок Ристо Јачо бил доселеник од Перишор.[2]