Горно Жервохор или Ново Жервохор (грчки: Άνω Ζερβοχώρι, Ано Зервохори; книжевно: Άνω Ζερβοχώριον, Ано Зервохорион; до 1940 година: Нео Зервохори[2]) — село во Негушко, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Негуш, во Централна Македонија, Грција.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 15 километри североисточно од градот Негуш и на речиси исто растојание северно од градот Бер и југоисточно од Вртикоп, на надморска височина од 20 метри.[3]
Сместено е на 1 километар северозападно од старото село Жервохор на земјиште, кое се појавил по исушувањето на Ениџевардарското Езеро во 1932 година.
Историја
Селото претставува нова бегалска населба, изградена по 1932 година, во која се населиле бегалски семејства од Понд, кои добиле земја од новоисушеното Ениџевардарско Блато.[3]
Во 1940 година, селото било преименувано во Ано Зервохори (Άνω Ζερβοχώρι).[4].
Стопанство
Благодарение на вонредно плодната почва и наводнувањето на обработливите површини (за што постои наводнувачка мрежа), подигнати се плантажи со праски и друго овошје, а се произведува и многу памук и пченица.[3]
Население
Првпат било спомнато во пописот од 1940 година со 513 жители. Во 1951 година било забележано со 665, во 1961 година со 838, во 1971 година со 607, во 1981 година со 714, а во 1991 година со 727 жители.[3]
Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 666 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 731 жител.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година
|
1940
|
1951
|
1961
|
1971
|
1981
|
1991
|
2001
|
2011
|
2021
|
Население
|
513
|
665
|
838
|
607
|
714
|
727
|
666
|
731
|
|
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
Селото припаѓа на општинската единица Иринуполи со седиште во селото Вештица Берска, која припаѓа на поголемата општина Негуш, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Горно Жервохор, во кој покрај Горно Жервохор влегуваат и селата Жервохор и Ново Село.
Наводи
Белешки
Населени места во општината Негуш |
---|
| ОЕ Антемија 1 | |
---|
| ОЕ Иринуполи 1 | |
---|
| ОЕ Негуш | |
---|
| Историски | |
---|
| 1 Новодаден збирен назив кој не се води според ниеден топоним. • 2 Новосоздадено место од грчки доселеници во XX век |
|