„Пепи и Муто“ — македонски краткометражен филм од 2015 година, криминалистичка комедија во режија на Георги Унковски кој исто така е и сценарист на филмот.
Откако е принуден на предвремено пензионирање, полицискиот инспектор Пепи е задолжен да го научи кадетот Муто, неговата замена, како да стане вистински инспектор.
Во 2017 година била отворена семрежна петиција со која се барало овој краткометражен филм да прерасне во серијал.[2] До затворањето на петицијата, таа постигнала 4.086 потписи.