Паликир

Паликир
Бранови во Паликир
Бранови во Паликир
Паликир на картата на островот Понпеј.
Паликир на картата на островот Понпеј.
Држава СД Микронезија
Сој. држава Понпеј
ОпштинаСокехс
Население (2010)
 • Вкупно6.647
Час. појасUTC+11[1]
КлимаAf

Паликир (англиски: Palikir) е главниот град на СД Микронезија. [2][3][4] Градот има околу 5.000 жители и е дел од поголемата општина Сокехс, која пак има население од 6,647 жители според податоците од 2010. Градот се наоѓа во северозападниот дел на островот Понпеј. Во близина на градот се наоѓа најголемиот град на островот - Колонија. За главен град бил прогласен во 1989 година.

Историја

Понпеј бил управуван од племенски поглавари во античко време. Паликир порано било мало село. Островот Понпеј го посетиле Португалците и Шпанците во 15 век, но Шпанците дошле до колонијално населување дури во 1886 година. Подоцна Германија ги окупирала Каролинските Острови преку купување од Шпанија на крајот на Шпанско-американската војна во 1898 година. За време на Првата светска војна контролата преминала во рацете на Јапонците. За време на Втората светска војна, Јапонците изградиле аеродром во близина на Колонија.[5] По Втората светска војна, островот бил управуван од Владата на Соединетите Американски Држави додека СДМ не стекнала независност во 1979 година.[6] Владата на Сојузните држави на Микронезија одлучила да ја претвори областа Паликир во град во кој ќе биде сместена централната администрација на островите како главен град. Прогласен е за главен град на Микронезија во 1989 година. Била дадена американска помош од 15 милиони американски долари за развој на локацијата во модерен град.[9] Биле изградени сите владини канцеларии, некои станбени куќи и резиденцијата на претседателот на сојузните држави на Микронезија. Сега е центар на федералната администрација на земјата, иако сè уште е село со население од 4.645 жители.[6][7]

Географија

Паликир се наоѓа во северозападниот центар на островот Понпеј (порано познат како Понапе). Геолошки теренот на островот се состои од високи планини до ниски корални атоли. Тој е најголемиот, највисокиот, највлажниот и најживописниот остров во Сојузните држави на Микронезија.[8]Паликир е 8 километри (5 милји) југозападно од Колонија, која е најголемиот град во Понпеј и главниот град на државата Понпеј. Подводните гребени се наоѓаат низ целиот крајбрежен регион на островот. На 9 километри на југоисток, планината Нанлауд е највисоката точка на Сојузните држави на Микронезија и Понпеј со 782 метри. [9]

Населние

Националноста на народот е микронезиска, а најчести етнички групи се Чукчите, Кошрајци, Понпејците и Јаапите. Англискиот е заеднички и официјален јазик додека секој од главните острови има свој локален јазик како што се чучки, косраски, понпејски и јапески. 96% од населението се христијани, а римокатолицизмот е мнозинска религија со над 50% од населението.

Клима

Паликир има тропска клима.Градот доживува обилни врнежи во текот на целата година; просечно 5.202 милиметри дожд годишно паѓа, што го прави највлажниот главен град во светот.

Климатски податоци за Паликир
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Прос. висока °C (°F) 29.9
(85.8)
30.0
(86)
30.2
(86.4)
30.2
(86.4)
30.3
(86.5)
30.4
(86.7)
30.6
(87.1)
30.8
(87.4)
30.9
(87.6)
30.9
(87.6)
30.7
(87.3)
30.3
(86.5)
30.43
(86.78)
Сред. дневна °C (°F) 26.8
(80.2)
26.9
(80.4)
27.1
(80.8)
26.9
(80.4)
26.9
(80.4)
26.8
(80.2)
26.6
(79.9)
26.7
(80.1)
26.8
(80.2)
26.8
(80.2)
26.8
(80.2)
27.0
(80.6)
26.84
(80.3)
Прос. ниска °C (°F) 23.8
(74.8)
23.9
(75)
24.0
(75.2)
23.7
(74.7)
23.6
(74.5)
23.3
(73.9)
22.7
(72.9)
22.6
(72.7)
22.7
(72.9)
22.7
(72.9)
22.9
(73.2)
23.7
(74.7)
23.3
(73.95)
Прос. врнежи мм (ин) 377
(14.84)
279
(10.98)
353
(13.9)
462
(18.19)
502
(19.76)
464
(18.27)
504
(19.84)
515
(20.28)
464
(18.27)
469
(18.46)
421
(16.57)
392
(15.43)
5.202
(204,79)
Извор: Climate-Data.org[10]

Стопанство

Економијата на главниот град се рефлектира во економските ресурси на Микронезија (600 острови, атоли и островчиња (вклучувајќи го и островот Понпеј)[11]како целина. Економијата на островот во основа се состои од земјоделство за егзистенција и риболов (преработка на риба и аквакултура). Се произведуваат тропски земјоделски и плантажни производи како копра, хлебно овошје, тарос, бетел ореви, слатки компири, маниока, тропско овошје и зеленчук, лушпи од трохус, какао и ориз. Се одгледува добиток, како свињи и живина. Производите како риба, банани, црн пипер и облека главно се извезуваат во Јапонија. Се увезуваат храна, произведени стоки, машини и опрема и пијалоци.

Земјата е независна, но всушност зависи од финансиската поддршка што произлегува од нејзиниот Договор за слободно здружување со САД. Од 2012 година, стапката на инфлација била 2%, а трошоците за живот (за увезени стоки) во Паликир, наводно, се многу високи во споредба со другите места во светот.

Образование

Државниот оддел за образование на Понпеј има две јавни училишта:

  • Основно училиште Паликир[12]
  • Средно училиште Бејло Олтер во Колонија.[13]

Наводи

  1. „Current local time in Palikir“. Time and Date. Посетено на 7 April 2013.
  2. „Micronesia, Federated States of“ (PDF). Federal Aviation Administration. Архивирано од изворникот (PDF) на 24 December 2013. Посетено на 8 May 2013.
  3. „Pohnpei: underwater reef“. Kids.britannica.com. Посетено на 8 May 2013.
  4. „National Government“. FSM Government. Посетено на 7 April 2013.
  5. „Pohnpei“. Encyclopædia Britannica. Посетено на 7 May 2013.
  6. 6,0 6,1 „Micronesia, Federated States of“. Ducksters.com. Посетено на 8 May 2013.
  7. „Palikir, capital of Micronesia“.
  8. David Leonard (1 July 2001). Diving the Pacific: Volume 1: Micronesia and the Western Pacific Islands. Tuttle Publishing. стр. 152–. ISBN 978-962-593-499-0. Посетено на 8 May 2013.
  9. „Ponape South“. US Geological Survey. 1983. Посетено на 22 January 2017.
  10. „Climate: Palikir“. Climate-Data.org. Посетено на 30 July 2020.
  11. „Micronesia“. Encyclopædia Britannica. Посетено на 7 May 2013.
  12. "Pohnpei Schools Архивирано на 26 јули 2018 г.." Pohnpei State Department of Education. Retrieved on 23 February 2018.
  13. "Secondary Division." Pohnpei State Department of Education. Retrieved on 23 February 2018.

Поврзано

Надворешни врски

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!