Паихија (англиски: Paihia, маорски: Paihia) — главното туристичко место на Заливот на Островите во округот Далечен Север на Северниот Остров на Нов Зеланд. Гратчето се наоѓа недалеку од историското место Расел и Керикери, 60 км северно од Фангареи. Местото е забележително по тоа што тука е одигран првиот натпревар во крикет во Нов Зеланд.
Недалеку на север се наоѓа и историски важното место Ваитанги, како и Харуру Фолс/Ватеа на запад; селото Опуа и селцето Те Хауми на југ.
Паихија брои 1.960 жители (јуни 2016), што претставува пораст во однос на претходните години. Гратчето има основно училиште.