Поборниците за оваа хипотеза (како Cowgill 1975; McCone 1991, 1992; и Schrijver 1995) укажуваат на заедничките иновации кои ги делат островските келтски јазици, како флективните предлози, употреба на глаголски честички, збороредVSO, и разликувањето помеѓу апсолутни и сврзани глаголски наставки, како што често се среќава во староирскиот и, во мала мера, и во средновелшкиот (видете Пракелтски јазик#Морфологија). Тие тврдат дека делбата на британските и галскиот јазик од една страна, и гелскиот и келтоиберскиот на друга страна може да е површна (т.е. дека се должи на феномен на јазичен контакт), бидејќи идентичната гласовна промена од (/kʷ/ во /p/) може да се случила независно кај предците на галскиот и бритонските јазици, или се рашириле по пат на јазичен контакт помеѓу овие две групи.
Семејната лоза на островските келтски јазици е следнава:
Оваа е табела на когнати (сродни зборови) која го прикажува развојот на пракелтското */kʷ/ во /p/ кај галскиот и британските јазици, но во /k/ кај гелските јазици.
Пракелтски
Галски
Велшки
Корнски
Бретонски
Ирски
Шкотски гелски
Мански
Превод
*kʷennos
pennos
pen
penn
penn
ceann
ceann
kione
„глава“
*kʷetwar-
petuarios
pedwar
peswar
pevar
ceathair
ceithir
kiare
„четири“
*kʷenkʷe
pinpetos
pump
pymp
pemp
cúig
còig
queig
„пет“
*kʷeis
pis
pwy
piw
piv
cé (постаро cia)
cò/cia
quoi
„кој“
Значајна разлика помеѓу гелските и британските јазици е трансформацијата на *an, am во деназализирана согласка со издолжување, é, пред првобитно безвучен плозив или фрикатив, на пр. староирско éc „смрт“, écath „јадица“, dét „заб“, cét „сто“ наспроти велшкото angau, angad, dant и cant. Инаку:
назалот е задржан пред самогласка, јод, w, m и ликвид:
староирско ingen „нокт“ (наспр. старовелшкото eguin)
староирско tengae „јазик“ (наспр. велшкото tafod)
староирско ing „проток“ (наспр. средновелшкото eh-ang „широк“)
Наводи
Cowgill, Warren (1975). „The origins of the Insular Celtic conjunct and absolute verbal endings“. Во H. Rix (уредн.) (уред.). Flexion und Wortbildung: Akten der V. Fachtagung der Indogermanischen Gesellschaft, Regensburg, 9.–14 септември, 1973. Wiesbaden: Reichert. стр. 40–70. ISBN 3-920153-40-5.
McCone, Kim (1991). „The PIE stops and syllabic nasals in Celtic“. Studia Celtica Japonica. 4: 37–69.
McCone, Kim (1992). „Relative Chronologie: Keltisch“. Во R. Beekes, A. Lubotsky и J. Weitenberg (уредн.) (уред.). Rekonstruktion und relative Chronologie: Akten Der VIII. Fachtagung Der Indogermanischen Gesellschaft, Leiden, 31 август – 4 септември 1987. Institut für Sprachwissenschaft der Universität Innsbruck. стр. 12–39. ISBN 3-85124-613-6.
Schrijver, Peter (1995). Studies in British Celtic historical phonology. Amsterdam: Rodopi. ISBN 90-5183-820-4.