Галски јазик — јазик што спаѓа во групата на келтските јазици и кој бил зборуван од страна на Галите пред доаѓањето на Римското Царство и негово асимилирање. Во времето на Галските војни, галскиот јазик бил еден од трите јазици кои биле во употреба, покрај аквитанскиот јазик и германскиот јазик.
Галскиот јазик е познат по повеќе откриени камења или керамика на кои било пишувано на галски јазик. Се претпоставува дека овој јазик бил создаден во 6 век.