Во списокот на освојувачи на медали по земји на Зимските олимписки игри 1998 се наведени сите земји-учеснички на игрите кои освоија медали. Најуспешна нација на игрите беше репрезентацијата на Германија, која освоила 12 златни од вкупно 29 медали.
Данска го освои првиот медал на Зимските олимписки игри,[1] додека Бугарија и Чешка ги освоиле првите златни медали.[2] Азербејџан, Венецуел, Кенија, Македонија и Уругвај, за првпат учествуваа на Зимските олимписки игри,но ниту една од овие репрезентации не освои медал.[3]
Најуспешен натпреварувач на игрите беше руската скијачка Лариса Лазутина, која освои 3 златни, еден сребрен и еден бронзен медал.[4]
Списокот е направен според информациите добиени од Меѓународниот олимписки комитет (МОК) и е во склад со прописите утврдени од страна на МОК за составување на ваквите списоци. Според прописите, земјите во списокот се претставени со нивните национални олимписки комитети, а се подредени по бројот на освоени златни медали. Доколку се случи две или повеќе земји да имаат еднаков број на освоени златни медали, подредувањето продолжува по освоените сребрени, па по освоените бронзени медали. Доколку се случи две или повеќе земји да имаат освоено ист број на златни, сребрени и бронзени медали, тогаш тие заземаат исто место во списокот и се прикажани според редоследот на првата буква во абецедата.
|date=