Обичен елен

Обичен елен
Мажјак
Женка (кошута)
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Цицачи
Ред: Парнокопитни
Подред: Преживари
Семејство: Елени
Потсемејство: Елени
Род: Елен
Вид: Обичен елен
Научен назив
Cervus elaphus
Linnaeus, 1758
Подвидови
  • C. e. elaphus
  • C. e. alashanicus
  • C. e. atlanticus
  • C. e. barbarus
  • C. e. brauneri
  • C. e. canadensis
  • C. e. corsicanus
  • C. e. hanglu
  • C. e. hispanicus
  • C. e. kansuensis
  • C. e. macneilli
  • C. e. maral
  • C. e. nannodes
  • C. e. pannoniensis
  • C. e. songaricus
  • C. e. wallichii
  • C. e. xanthopygus
  • C. e. yarkandensis
Некогашна (светлозелено) и денешна (темнозелена) распространетост на обичниот елен

Обичен елен, наречен и благороден елен, ридски елен или црвен елен (научCervus elaphus) — еден од најголеимте видови од родот на елените (Cervidae). Живее ширум Европа, Кавказ, Мала Азија, Иран, делови од западна и средна Азија. Присутен е и во пределите на венецот Атлас, помеѓу Мароко и Тунис во северозападна Африка, како единствениот вид елен на тој континент. Доведен е и во други краишта, како Австралија, Нов Зеланд, Перу, Уругвај, Чиле и Аргентина.[2][3] Во многу делови од светот, животното се одгледува заради месото (често неисправно наречено „срнешко месо“).

Во Македонија, обичниот елен некогаш бил автохтон на ридските и планинските предели (оттаму и се нарекува „ридски елен“), но постепено исчезнал на највеќето места. Денес е повратен на повеќе места, особено националните паркови и ловните резервати. Покрај ова, примероци од животното можат да се видат во скопската и битолската зоолошка градина.

Животното спаѓа во подредот преживари и има четириделен желудник. Генетските наоди укажуваат на тоа дека обичниот елен всушност претставува видова група (комплекс) наместо единствен вид, иако останува да се види колку вида спаѓаат во истата.[4][5] Сродниот американски лос (вапити) од северна Америка и источна Азија традиционално се смета за подвид на обичниот елен, но поновите истражувања го одвојуваат како посебен вид. Веројатно предеокот на сите црвени елени (вклучувајќи го американскиот лос) потекнува од средна Азија и наликувал на дамчестиот елен (сика).[6]

Иако некогаш обичниот елен бил редок во Европа, никогаш не бил близу изумирање. Денес таму е многу поброен поради напорите за негов повраток и заштита на животната средина, додека пак во други краишта како Северна Африка неговата бројност продолжува да опаѓа.

Изглед

Подвидовите на обичниот елен се со различна големина. На пример, поголемите единки на каспискиот елен (марал) и американскиот лос (вапити) тежат преку 300 кг, долги се преку 2,5 м и високи 130-160 см. Од друга страна, помалиот бухарски (бактриски) елен тежи помалку од 100 кг, со тело долго помалку од 175-190 см. Меѓу одликите е и обликот на роговите. На пример, европскиот елен има повеќе разграноци, додека пак каспискиот нема круна, па затоа самиот рог е мошне масивен и има по 6-7 разграноци.

Распространетост

Обичниот елен се среќава во југозападна Азија (Мала Азија и Кавказ), Северна Африка и Европа. Претставува најголемото диво животно што сè ште живее во Холандија, Велика Британија и Ирска.[7] Берберскиот елен (кој личи на западноевропскиот) е единствениот елен во Африка и е најгусто застапен во северозападниот дел на континентот, кај венецот Атлас,[8] односно во Мароко, Тунис и Алжир.[9]

Видот е доведен и во други краишта од светот, особено во Нов Зеланд и, во помала мера во Австралија. Луѓето го имаат доведено и во поеќе јужноамерикански земји.

Во Македонија

Во Македонија, обичниот елен некогаш бил распространет по ридско-планинските краишта, но подоцна исчезнал. Денес е рекламиран на повеќе места како резерватот „Јасен“, националните паркови „Маврово“ и „Пелистер“, како и во ловиштата „Кадина Река“ и „Пониква“. Според податоци од 2006 г., обичниот елен се одгледува на површина од 30.000 хектари, а бројната состојба е околу 300 грла.[10]

Во Македонија еленот е дивеч под заштита за кој е утврден ловостој од 1 февруари до 31 август[11].

Подвидoви

Според поновите сознанија, разликуваме околу 18 подвида на овој елен, иако точниот број сè уште не е доистражен поради сличностите, според кои извесни подвидови може да се истоветни еден на друг. На следнава табела се прикажани најзастапените девет подвида:

Назив Научно Статус Изворно живеалиште
западноевропски елен
C. e. elaphus Западна Европа
ридски /
средноевропски елен
C. e. hippelaphus Средна Европа, Балкан
(вкл. Македонија)
марал/
касписки елен
C. e. maral Мала Азија, Крим, Кавказ,
северозападен Иран
шкотски елен
C. e. scoticus Шкотска, Англија
пиринејски елен
C. e. hispanicus[12] Пиринејски Полуостров
корзикански елен
C. e. corsicanus речиси загрозен (NT)[13] Корзика, Сардинија;[14]
бухарски /
бактриски елен
C. e. bactrianus ранлив (D1) Авганистан, Казахстан, Туркменистан,
Узбекистан, Таџикистан
јаркандски елен C. e. yarkandensis загрозен (A1a) Синѓанг (Кина)
берберски елен
C. e. barbarus речиси загрозен Алжир, Тунис, Мароко

Исхрана

Исхраната на обичниот елен е мошне разновидна. Најзастапени во исхраната се тревестите и бобовите растенија. Напролет,елените јадат растенија богати со белковини и витамини за да ја надоместат оскудицата во текот на зимата. Зиме, ако снегот не е длабок, ја користат можноста да дојдат до листови паднати од дрвата во есен, разни стеблена и кора од грмушки. Јадат и гранчиња од борови и смрча, а од голема помош во студениот период се желадите кои ги наоѓаат под снегот. Јаде и костени, секакви оревести плодови, семиња од многу видови растенија, како и печурки, лишаи, плодови и бобинки . Исхраната може да е менува во зависност од тоа каков бил родот минатата година. Покрај храната, имаат потреба и од сол солени камења. Недостатокот на минерали во организмот го надоместуваат со лижење на камења, џвакање на грутки и пиење од минерални извори. Не се хранат на силна сончевина, туку лежат во сенка, а пасат наутро и на квечерина. Кога им е топло, се разладуваат во реките, каде знаат да проведат добар дел од денот.

Поведение

Група кошути и млади

Возрасниот мажјак ја проведува речиси целата година во исклучиво машка група. Кога ќе дојде сезоната на парење, полово зрелите мажјаци почнуваат да се натпреваруваат за вниманието на женките и потоа се обидуваат да ги одбранат женките што ќе ги привлечат. Соперниците одат напоредно на предизвиканите и си ги одмеруваат роговите, телото и борбената способност. Ако ниеден од двајцата не се повлече, следува борба со роговите, која понекогаш завршува со значајни повреди.[8]

Доминантните мажјаци следат групи женки за време на сезоната, од август до почетокот на зимата. Еден мажјак може да има дури до 20 женки кои ги штити од други, помалку привлечни мажјаци.[15] Овие групи (наречени хареми) ги водат само возрасните мажјаци, и мажјакот е најуспешен во парењето на возраст од 8 години. Оние на возраст од 2-4 години ретко имаат свои хареми, и ја проведуваат сезоната за парење во надворешните делови на поголемите хареми, а истото важи и за мажјаците стари преку 11 години. Помладите и постарите мажјаци што успеваат да направата харем го водат подоцна во сезоната отколку што тоа го прават мажјаците кои се на „подобни“ години. Кога го води харемот, мажјакот ретко јаде и губи до 20% од телесната тежина.[8]

Мажјаците на обичниот елен во сезоната на парење се огласуваат со карактеристичен рев, за разлика од мажјаците на американскиот лос, кои се огласуваат со трубечки глас, погоден на отворените предели во кои живеат. Огласувањето на мажјакот служи да ги држи женките заедно. Од своја страна пак, женките првично се привлекуваат кон мажјаците со најчест и најгласен ред. Истото огласување се слуша и во натпреварот за женки помеѓу мажјаците заедно со поставување на телото и борбите со рогови.[16] Викот е најчест на изгрејсонце и на залез, кога е впрочем и најактивен самиот елен.

Парење, бременост и животен век

Парење

Мажјакот по правило прави дузина обиди за парење пред да наиде на успех. ТОј се пари со една женка повеќекратно, пред да прејде на друга во неговиот харем. За време на втората есен од животот, женките раѓаат по едно (или многу ретко по две) младенчиња годишно. Бременоста трае 240 до 262 дена, а новороденчето тежи околу 15 кг. По две недели, младото се оспособува да му се придружи на стадото, а по два месеца сосема се одвикнува од цицање.[17] Како и кај многу други видови елени, младенчињата по телото имаат дамки кои ги губат на крајот од летото. Сепак, некои возрасни единки задржуваат по неколку дамки на летното крзно.[6] Младото останува со мајката речиси цела година и ја напушта кога ќе дојде време да се роди следното поколение.[16] Периодот на бременост е ист кај сите подвидови.

Обичниот елен живее преку 20 години во заробеништво, а 10 до 13 години во дивина, зависно од степенот на опасност од грабливци. Некои подвидови со помалку непријатели во дивината живеат просечно по 15 години.

Непријатели

Најголем природен непријател на обичниот елен се волкот. По правило, сам возрасен елен не може да се справи со еден поголем грабливец, и за таа цел му помага стадото, кога е наоколу. Елените се штитат со копитата, а мажјаците и со роговите. Меѓу другите непријатели се вбројуваат тигарот, леопардот, рисот, лакомецот и мечката. Најчест плен се младите еленчиња и изнемоштените или болни единки.

Покрај ова, меѓу непријателите на еленот може да се смета и човекот. Ловот на обичниот елен во дивина е на многу места забранета, и се дозволува само во ловишта, под контролирани услови. Благодарение на усилбите на ентузијастите, бројноста постепено му се зголемува.

Наводи

  1. Cervus elaphus. IUCN Red List. Version 2008. International Union for Conservation of Nature. 2008. Посетено на 5 April 2009.
  2. Red Deer – South America | Online Record Book Preview. scirecordbook.org
  3. Red deer – Cervus elaphus Архивирано на 25 јануари 2020 г.. photoshelter.com
  4. doi:10.1080/03014223.1989.10422568
    Овој навод ќе се дополни автоматски во текот на следните неколку минути. Можете да го прескокнете редот или да го проширите рачно
  5. doi:10.1093/jhered/ess085
    Овој навод ќе се дополни автоматски во текот на следните неколку минути. Можете да го прескокнете редот или да го проширите рачно
  6. 6,0 6,1 Geist, Valerius (1998). Deer of the World: Their Evolution, Behavior, and Ecology. Mechanicsburg, Pa: Stackpole Books. ISBN 0-8117-0496-3.
  7. „The Ecology of Red Deer“. Deer-UK. Архивирано од изворникот на 2012-06-23. Посетено на 2006-10-02.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  8. 8,0 8,1 8,2 Walker, Mark. „The Red Deer Cervus elaphus. World Deer Website. Архивирано од изворникот на 2008-02-12. Посетено на 2015-05-30.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  9. „Cervus elaphus ssp.barbarus“. International Union for Conservation of Nature and Natural Resources. Архивирано од изворникот 2007-06-30. Посетено на 2006-10-03.
  10. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Дивеч: Распространетост и бројна состојба на главните ловно-стопански видови (2006)“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 460. Text "series " ignored (help)
  11. Закон за ловство Службен весник на Република Македонија бр. 26 2009
  12. PMID 19860987 (PubMed (англиски))
    Citation will be completed automatically in a few minutes. Jump the queue or expand by hand
  13. Kidjo, Nicolas; Feracci, Gérard; Bideau, Eric; Gonzalez, Georges; Mattéi, César; Marchand, Bernard; Aulagnier, Stéphane (2007). „Extirpation and reintroduction of the Corsican red deer Cervus elaphus corsicanus in Corsica“. Oryx. Cambridge University Press. 41 (41): 488–494. doi:10.1017/S0030605307012069.
  14. Hmwe, S.S.; Zachos, F.E.; Eckert, I.; Lorenzini, R.; Fico, R.; Hartl, G.B (2006). „Conservation genetics of the endangered red deer from Sardinia and Mesola with further remarks on the phylogeography of Cervus elaphus corsicanus“. Biological Journal of the Linnean Society 2006. 88 (88): 691–701. doi:10.1111/j.1095-8312.2006.00653.x.
  15. „Elk (Cervus elaphus)“. South Dakota Department of Game, Fish and Parks. Архивирано од изворникот на 2006-09-05. Посетено на 2006-10-03.
  16. 16,0 16,1 Thomas, Jack Ward; Dale Toweill (2002). Elk of North America, Ecology and Management. New York: HarperCollins. ISBN 1-58834-018-X.
  17. „Cervus elaphus“. Animal Diversity Web. University of Michigan, Museum of Zoology. Посетено на 2006-10-04.

Надворешни врски

Read other articles:

エチレングリコール IUPAC名エタン-1,2-ジオール 別称モノエチレングリコールMEG1,2-エタンジオール 識別情報 CAS登録番号 107-21-1 KEGG D06424 SMILES OCCO 特性 化学式 C2H6O2 モル質量 62.068 g/mol 密度 1.1132 g/cm3 融点 −12.9 °C, 260 K, 9 °F 沸点 197.3 °C, 470 K, 387 °F 水への溶解度 混和性 粘度 16.1 mPa s [1] 危険性 安全データシート(外部リンク) External MS...

 

American TV series or program The New LandPromotional slide for The New LandGenreDramaStarringBonnie BedeliaScott ThomasKurt RussellOpening themeperformed by John DenverCountry of originUnited StatesOriginal languageEnglishNo. of seasons1No. of episodes13 (7 unaired)ProductionExecutive producerWilliam BlinnRunning time60 minutesProduction companyWarner Brothers TelevisionOriginal releaseNetworkABCReleaseSeptember 14 (1974-09-14) –October 19, 1974 (1974-10-19) Countercloc...

 

Un foxhound americano. El perro de caza de zorros americano, más conocido como foxhound americano es una raza de perro muy cercana al foxhound inglés, son sabuesos, perros que se guían por el olfato para cazar zorros. Historia En 1650 Robert Brooke trajo para la administración de la colonia británica que era Norteamérica una jauría de perros de caza que se convirtió en la raíz de muchas líneas de perros cazadores norteamericanos. Estos perros permanecieron en la familia Brooke cerca...

Filipina actress and singer (1968–1985) In this Philippine name, the middle name or maternal family name is Apostol and the surname or paternal family name is Postigo. Julie VegaVega, c. '80sBornJulie Pearl Apostol Postigo[1](1968-05-21)21 May 1968Quezon City, Rizal, PhilippinesDied6 May 1985(1985-05-06) (aged 16)Lung Center of the Philippines, Quezon City, PhilippinesCause of deathPneumoniaResting placeLoyola Memorial Park Marikina, PhilippinesOther namesDar...

 

Parth SamthaanParth Samthaan at an event for the film Googly Ho GayiLahirParth Laghate11 Maret 1991 (umur 32)Mumbai, IndiaKebangsaanIndianPekerjaanaktorModelpenyanyiTahun aktif2012-sekarangDikenal atasKaisi Yeh Yaariaan Parth Samthaan (lahir 11 Maret 1991) adalah aktor televisi India yang dikenal karena memainkan peran Manik Malhotra di Kaisi Yeh Yaariaan dan Anurag Basu di Kasautii Zindagii Kay.[1] Karier Samthaan memulai karir aktingnya dengan tampil dalam episode seperti ...

 

Liên đoàn bóng đá PalestineAFCThành lập1962Trụ sởJerusalemGia nhập FIFA1998Gia nhập AFC1998Chủ tịchBrig. Ahmed AfifiWebsitehttp://www.pfa.ps Hiệp hội bóng đá Palestine (PFA) (tiếng Ả Rập: الاتحاد الفلسطيني لكرة القدم‎) là tổ chức quản lý, điều hành các hoạt động bóng đá ở Palestine. PFA quản lý đội tuyển bóng đá quốc gia Palestine, tổ chức các giải bóng đá như giải vô địch bó...

For the Freeway song, see What We Do (song). 1993 studio album by John Scofield QuartetWhat We DoStudio album by John Scofield QuartetReleasedFebruary 9, 1993RecordedMay 1992StudioThe Power Station, New York CityGenreJazzLabelBlue NoteProducerJohn ScofieldJohn Scofield Quartet chronology Grace Under Pressure(1992) What We Do(1993) I Can See Your House from Here(1994) Professional ratingsReview scoresSourceRatingAllmusic[1] What We Do is a studio album by jazz guitarist John Sc...

 

For the film, see Feliz Natal (film). Municipality in Center-West, BrazilFeliz NatalMunicipality FlagCountry BrazilRegionCenter-WestStateMato GrossoMesoregionNorte Mato-GrossensePopulation (2020 [1]) • Total14,522Time zoneUTC−3 (BRT) Feliz Natal is a municipality in the state of Mato Grosso in the Central-West Region of Brazil.[2][3][4][5] See also List of municipalities in Mato Grosso References ^ IBGE 2020 ^ Divisão Territ...

 

Island off southern New Zealand For the islands in the Tuamoto Archipelago, see Disappointment Islands. Disappointment IslandA photo taken of the island in 1909.Position of the Auckland Islands relative to New Zealand and other outlying islandsGeographyCoordinates50°36.25′S 165°58.38′E / 50.60417°S 165.97300°E / -50.60417; 165.97300ArchipelagoAuckland IslandsArea3.0 km2 (1.2 sq mi)Length3.35 km (2.082 mi)Width1.53 km (0.951 mi...

Mangalore Central–Kacheguda Superfast ExpressOverviewService typeExpressFirst service23 February 2013; 10 years ago (2013-02-23)Current operator(s)South Central Railway zoneRouteTerminiMangalore Central (MAQ)Kacheguda (KCG)Stops28Distance travelled1,289 km (801 mi)Average journey time27h 30mService frequencyBi-weekly [a]Train number(s)12789/12790On-board servicesClass(es)AC First Class, AC 2 Tier, AC 3 Tier, Sleeper Class, Pantry Car, General UnreservedSe...

 

Blue-green algal genus (cyanobacteria) used in food Spirulina tablets Spirulina is a biomass of cyanobacteria (blue-green algae) that can be consumed by humans and animals. The three species are Arthrospira platensis, A. fusiformis, and A. maxima. Cultivated worldwide, Arthrospira is used as a dietary supplement or whole food.[1] It is also used as a feed supplement in the aquaculture, aquarium, and poultry industries.[2] Etymology and ecology Main article: Arthrospira Spiruli...

 

Place in Sylhet DivisionJamalganj জামালগঞ্জJamalganj upazila, as seen from Surma riverDivisionSylhet DivisionDistrictSunamganj DistrictGovernment • MP (Sunamganj-1)Moazzem Hossain Ratan (Awami League)Area • Total338.74 km2 (130.79 sq mi)Population • Total107,771 • Density318/km2 (820/sq mi)Demonym(s)Jamalganji, Jamalgonji, JamalgoinjiTime zoneUTC+6 (BST)Postal code3000Websitejamalganj.sunamganj.gov.bd Jamalg...

1975 novel by James Herbert This article has multiple issues. Please help improve it or discuss these issues on the talk page. (Learn how and when to remove these template messages) This article needs additional citations for verification. Please help improve this article by adding citations to reliable sources. Unsourced material may be challenged and removed.Find sources: The Fog novel – news · newspapers · books · scholar · JSTOR (January 2021)...

 

Finnish ice hockey player and coach Ice hockey player Ari-Pekka Selin Born (1963-05-17)May 17, 1963Pori, FinlandPosition DefencemanPlayed for Peliitat HeinolaKiruna AIFSavonlinnan PallokerhoPlaying career 1984–1993 Ari-Pekka Selin (born May 17, 1963) is a former professional ice hockey player and coach. During the 2013–2014 season, he coached both Barys Astana of the Kontinental Hockey League (KHL) and the Kazakhstan men's national ice hockey team. He was hired to be the Barys' head c...

 

Davis Cup team representing Belgium BelgiumCaptainJohan Van HerckITF ranking4 (6 December 2021)ColorsRed & BlackFirst year1904Years played95Ties played (W–L)185 (93–92)Years inWorld Group19 (10–18)Runners-up3 (1904, 2015, 2017)Most total winsJacques Brichant (71–49)Most singles winsJacques Brichant (52–27)Most doubles winsPhilippe Washer (20–18)Best doubles teamPhilippe Washer &Jacques Brichant (16–14)Most ties playedJacques Brichant (42)Most years playedJacques Brichant...

Provincia de Mendoza Localización  32°53′55″S 68°50′47″O / -32.8986, -68.8464Coordenadas: 32°53′55″S 68°50′47″O / -32.8986, -68.8464EstadoArxentina CapitalMendoza Contén a división administrativaCapital Department (en) General Alvear (departamento de Mendoza) (pt) Godoy Cruz (departamento) (pt) Guaymallén (pt) Junín (departamento de Mendoza) (pt) La Paz (pt) Las Heras (departamento) (pt) Lavalle (pt) Luján de Cuyo (pt) Maipú (pt...

 

Narumonda IIDesaPeta lokasi Desa Narumonda IINegara IndonesiaProvinsiSumatera UtaraKabupatenTobaKecamatanSiantar NarumondaKode pos22384Kode Kemendagri12.12.20.2002 Luas0,41 km²Jumlah penduduk196 jiwa (2015)Kepadatan478,05 jiwa/km² Narumonda II adalah salah satu desa di Kecamatan Siantar Narumonda, Kabupaten Toba, Provinsi Sumatera Utara, Indonesia. Pemerintahan Kepala Desa Narumonda II pada tahun 2020 adalah Masdulhad Rajagukguk.[1] Desa Narumonda II terdiri dari dusun: Siajang...

 

Qanun Azerbaijan Qanun, kanun, ganoun atau kanoon (Arab: قانون, translit: qānūncode: ar is deprecated ; Yunani: κανονάκι, translit. kanonaki; Ibrani: קָנוֹן, qanon; Persia: قانون, qānūn; Turki: kanun; bahasa Armenia: քանոն, translit. k’anon; bahasa Azerbaijan: qanun; [undefined] Error: {{Lang-xx}}: no text (help)) adalah sebuah alat musik dawai dimainkan solo, atau lebih sering sebagai bagian dari ansambel, di sebagian besa...

Urbain Grandier Fødtca. 1590[1][2][3][4]BouèreDød18. aug. 1634[1][5] LoudunBeskjeftigelseKatolsk prest NasjonalitetFrankrikeKongeriket FrankrikeUrbain Grandier på Commons Urbain Grandier (født 1590 i Bouère i Mayenne, død 18. august 1634 i Loudun) var en fransk katolsk prest som ble brent på bålet for trolldom i Loudon i 1634. Rettssakene mot Grandier er flere ganger blitt behandlet i senere verker. Liv og virke Pakten med demonene...

 

1981 studio album by Russell Morris and the RubesAlmost FranticStudio album by Russell Morris and the RubesReleasedFebruary 1981RecordedArmstrong Studios, Melbourne; Australia (1979-1980)GenrePop rock, Aussie RockLabelMushroom RecordsProducerDavid Briggs, Eddie Rayner, Mark Moffatt, Ricky FataarRussell Morris and the Rubes chronology Foot in the Door(1979) Almost Frantic(1981) A Thousand Suns(1991) Alternative cover2014 Compact Disc cover Almost Frantic is the fifth studio album by A...

 

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!