Основно училиште „Никола Карев“ (службено: Основно општинско училиште „Никола Карев“ - Крушево; скратено: ООУ „Никола Карев“) — централно основно училиште во градот Крушево, Општина Крушево.[1][2]
Училиштето е именувано по македонскиот револуционер Никола Карев.
Историја
Училиштето започнало со работа во 1944 година. Во почетокот функционирало како четиригодишно училиште под името „Кирил и Методиј“, а од 1956 година било споено со нижата гимназија „Никола Карев”, кога основното училиште го добило денешното име.
Според член 7 од Статутот на ООУ „Никола Карев”, Општинското основно училиште „Никола Карев“ било преобликувано со акт на Собранието на Општина Крушево на 1 септември 1966 година, а е верифицирано со Решение на МОН бр. 10-1248/3 од 27 јуни 1994 година.[2]