Леарницата за леење на куршуми и поправка на оружјето на востаниците била отворена со наредба на Времениот извршен совет по ослободувањето на Крушево, на Времената влада на Крушевската Република, на заседанието од 4 август 1903 со кое раководел Никола Карев. Според историските документи и сеќавањето на тогашните живи Илинденци, леарницата била сместена во куќата на Илија и Коста Лапески на ул. Томе Никле бр. 57. Со неа раководеле искусните железари и туфекчии Ставре Борјар и Митка Манак. Леарницата била под раководство и надзор на интелектуалната група. Во леарницата носеле оружје за поправка Злата Ристеска-Кеша, Донка Журчаноска-Иљојче. Носењето оружје најчесто било на штици за печење на леб или кошници, а го преземала Пашка Лапеска и го предавала на мајсторите. Сеќавања има на Тоду Борјар, конструкторот на црешовото топче, на Бранко Благоески чиј татко бил член на интелектуалната група, во сеќавањата на Никола Киров Мајски. Мајски и Крсто Топузиски, за време на неговиот последен престој во Крушево во 1957 година, повеќе дена водел разговори за текот на востанието, неговата улога и значење, а посебно за леарницата на куршуми и поправка на оружјето.[2]
Како музеј
Во 2003 година, куќата била претворена во музеј во 2003 година и била отворена со поставката посветена на леарницата за куршуми. Во неа се наоѓаат првичните орудија кои биле користени за лиење куршуми во текот на востанието.[3][4]