Селото се наоѓа на 11 км северно од Воден и на 3 км северозападно од старото село Луковец (денес наречено Старо Луковец).[2]
Историја
Селото е изградено по завршетокот на Граѓанската војна и во него се сместени жителите на старото село Луковец.[3]
Население
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година
1940
1951
1961
1971
1981
1991
2001
2011
2021
Население
—
290
369
267
242
250
226
205
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Култура и спорт
Секој 2 мај во годината ва селото се одржуваат културни манифестации во чест на спасувањето на жителите од ова село од напаста на мравките за време на неговото опстојување во месноста Тополите.
На оваа културна манифестација покрај учеството на играорните и пејачките групи од селото Луковец учествуваат и групи од Воден и соседните села.
За подготовки за одржувањето на манифестациите се грижи одбор од селото и со помош од Одборот за култура и други културни манифестации од градот Воден.