Остатоците од селото се сместени на северозападниот брег на Островското Езеро, јужно од Чеган, во чиј атар се наоѓало.[2]
Историја
Селото се распаднало на почетокот на XIX век поради зулумите на разбојничките банди, а населеието пребегнало да живее претежно во Острово, Чеган и Пателе.[2] Доста подоцна, жителите на Чеган тука изградиле колиби за да можат да ги користат имотите.
Во 1913 г. се споменува дека местото има 48 жители. Во 1920 г. не се води како населено место, но во 1928 г. се заведени 25 жители, кои всушност се жители на Чеган.[2] Подоцна селото конечно престанало да се води како населено место, иако жителите на Чеган и понатаму ги користеле колибите за земјоделски активности.[2]
Во 1926 г. местото е преименувано во Агиос Спиридон[9] по старата селска црква „Св. Спиридон“