Ново Коњарево се наоѓа во непосредна близина на граничниот премин Струмица - Ново Село (т.е. Ново Коњарево) и се наоѓа на само 1 км далечина од гранцата со Бугарија. Од центарот на општината, Ново Село, е оддалечено 7 километри додека од најблискиот град Струмциа е оддалечено 28 километри. Таквата местоположба го прави центар на многу патишта во југоисточниот регион на државата.
Селото било основано во 1931 година од 15 семејства, српски колонисти, и во почетокот се викало Белите Кашти (Белите Куќи). Во 1941 година овие семејства биле протерани од бугарската војска. По војната во 1945 година, селото го населиле жителите на Бадилен. Според името на соседното село Коњарево, оваа населба го добила името Ново Коњарево. Во близина на селото има споменик наречен „Апостолски премин“, изграден во чест на битката од 1943 година помеѓу окупаторската и македонската војска, предводена од генералот Михајло Апостолски.
Во атарот на селото Ново Коњарево на 100 метри од македонско–бугарската граница се наоѓа наоѓалиштето „Голема Трпеза“. Наоѓалиштето е сместено на издолжен рид со зарамнето плато на кое се наоѓала населбата со должина од околу 150 метри во правец север - југ и 70-тина метри во правец на исток - запад. Ридот од западната, северната и источната страна е заштитен со стрмни долови, додека од јужната страна со мал преслап е поврзан со подножјето на планината Беласица. Токму на овој дел се наоѓаат остатоци од кула и бедем на западната страна. Во подножјето на ридот на северната страна тече реката Струмица. Наоѓалиштето досега не е истражувано, но судејќи по површинските наоди тој му припаѓал на периодот на доцното бакарно време/раната бронза што не ја исклучува можноста во подлабоките слоеви да се пронајдат остатоци и од неолитот.
Население
Население во минатото
Година
Нас.
±%
1948
345
—
1953
368
+6.7%
1961
574
+56.0%
1971
750
+30.7%
1981
1.130
+50.7%
Година
Нас.
±%
1991
1.205
+6.6%
1994
1.040
−13.7%
2002
934
−10.2%
2021
518
−44.5%
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 934 жители, од кои 932 Македонци и 2 Срби.[2]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 518 жители, од кои 448 Македонци, 1 Албанец и 69 лица без податоци.[3]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Во селото се асфалтирани повеќе улици, и има повеќе места за излегување на младите (базен, кафулиња, кафани, сендвичара, дуќани) и функционира на ниво месна заедница.
Селото има две цркви: едната е „Св. Илија“ осветена во 1973 година, а втората „Св. Климент“, осветена 2003 година.
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постојат избирачките места бр. 1791 и 1791/1 според Државната изборна комисија, сместени во дом на културата.[8]
Значаен дел од населението е во странство (Швајцарија, Италија, Германија и други места) или претежно се занимава со земјоделство, од причина што земјата е многу плодна и успеваат многу земјоделски култури.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“