Никола Тесла Ги скротив космичките зраци и ги натерав да придвижат машина [ 1] Роден(а) 10 јули 1856 Смиљан , Австриска Империја Починал(а) 7 јануари 1943(1943-01-07) (возр. 86) Њујорк , Њујорк , Соединети Држави Живеалиште Австрија (подоцна Австроунгарија ) Франција САД Полиња физика , машинско инженерство и електрична енергија Познат по наизменична струја , асинхрона машина , вртечко магнетно поле , безжична технологија Поважни награди Едисонов медал (АИЕИ, 1916), Златен медал на Елиот Кресон (1893), Медал на Џон Скот (1934) Потпис
Меморијален центар во Госпиќ
Никола Тесла (Смиљан , Лика , 10 јули 1856 — Њујорк , 7 јануари 1943 ) — српски научник, истражувач и пронаоѓач на полето на електротехниката и радиотехниката , познат е како татко на наизменичната струја и бројни футуристички пронајдоци.
Биографија
Никола Тесла е роден како етнички Србин во селото Смиљан , во рамките на Воената граница , во Австриската империја . Неговиот татко, Милутин Тесла (1819–1879), бил свештеник на Источната православна црква .
Подоцна добива американско државјанство и станува граѓанин на САД . Тесла е најпознат по своите револуционерни откритија во областа на електромагнетизмот кон крајот на XIX и почетокот на XX век. Патентите на Тесла и неговата теориска работа стануваат основа за формирањето на целокупниот систем на наизменичната струја , вклучувајќи го и конструирањето на полифазните системи (поточно трофазните), како и на индукциониот мотор , со кој се претвора во предводник на Втората индустриска револуција .
По неговата демонстрација на безжичната комуникација (радиото ) во 1893 година и откако е прогласен за неспорен победник во „Војната на струите “, тој станува најпочитуваниот и најголемиот американски и светски научник[ 6] .
Голем дел од неговата најрана работа ќе стане основа за модерното инженерство, а многу од неговите откритија се од непроценлива важност за развитокот на модерната цивилизација. Во текот на овој период, во САД , славата на Тесла била споредлива само со онаа на најголемите научници во историјата или ѕвездите на популарната култура ,[ 7] но како резултат на неговиот ексцентричен карактер и неверојатни, понекогаш и фантастични тврдења за можни научни и технолошки откритија, Тесла на крајот завршува исмеан и обележан како луд научник [ 8] [ 9] . Никогаш не грижејќи се за пари, Тесла умира осиромашен и заборавен на возраст од 86 години.
Единицата во системот SI за густина на магнетен тек или магнетна индукција (често нарекувана магнетно поле и обележана со ознака
B
{\displaystyle B\,}
), во негова чест е наречена Тесла на Conférence Générale des Poids et Mesures во Париз во 1960 година.
Покрај неговата работа во областа на електромагнетизмот и инженерството, генераторите , Тесла остава свој печат и во областа на роботиката , конструирањето на далечинскиот управувач и радарот , како и во развивањето на компјутерската наука, балистиката , јадрената и теориската физика . Во 1943 година, Врховниот Суд на САД го прогласи Тесла за единствен пронаоѓач на радиото . Многу од неговите откритија се искористени, дел со примеси на контроверзија , за да поддржат теории во областа на псевдонауките , НЛО потрагите , како и на полето на окултизмот . Современите проучувачи на ликот и делото на Тесла го нарекуваат "човекот што го измисли дваесеттиот век "[ 10]
и "светецот -заштитник на модерниот електрицитет."[ 11]
Иако бил номиниран за Нобелова награда , никогаш не го добил ова големо признание.
Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија , а исто така и во неговиот трет дом - САД .
Галерија
Опит кој прикажува Теслин трансформатор во изведба на проф. Оливер Зајков . Институт за физика, ПМФ , Скопје
Тесла во младоста
Пасош на Никола Тесла во 1883 година
Фотографија од 1885 година.
Телеграма од
Влатко Мачек до Никола Тесла
Куќата на Тесла
Почесна диплома на Тесла, четничко друштво (меѓувоен период)
Time Magazine 1931.
Музеј Никола Тесла, улица Крунска, центар на Белград
Урна со пепелта на Тесла, Белград
Фигура на научник на банкнотата од 500 динари од времето на Југославија
Биста на Тесла на Менхетен, пред црквата Свети Сава
Поврзано
Наводи
↑ Никола Тесла; Бруклин Игл, 10 јули 1931
↑ Конгрес српског уједињења - текстот е на англиски.
↑ Скротувајќи го тркалото на природата: Теслината наука за енергијата од Томас Валон.
↑ Дејвид Хачер Чајлдрес, „Документите на Тесла: Никола Тесла за слободната енергија и безжичниот пренос на струја“. Adventures Unlimited Press , 2000.
↑ Роберт Ломас, "Есеј ," Блесокот на Генијот. Independent Magazine , 21 август 1999 .
↑ Наслов на биографијата од Роберт Ломас за Тесла.
↑ Зајфер, "Волшебник: Животот и времето на Никола Тесла ," кратка содржина на делото.
Литература
Burgan, Michael (2009). Nikola Tesla: Inventor, Electrical Engineer . Mankato, Minnesota: Capstone . ISBN 978-0-7565-4086-9 .
Carlson, W. Bernard (2013). Tesla: Inventor of the Electrical Age . Princeton University Press. ISBN 978-1-4008-4655-9 .
Cheney, Margaret (2011). Tesla: Man Out of Time . Simon & Schuster. ISBN 978-1-4516-7486-6 .
Cheney, Margaret (2001) [1981]. Tesla: Man Out of Time . Simon & Schuster . ISBN 978-0-7432-1536-7 .
Cheney, Margaret; Uth, Robert; Glenn, Jim (1999). Tesla, Master of Lightning . Barnes & Noble Books . ISBN 978-0-7607-1005-0 .
Cooper, Christopher (2015). The truth about Tesla : the myth of the lone genius in the history of innovation . New York: Race Point Publishing. ISBN 978-1-63106-030-4 .
Dommermuth-Costa, Carol (1994). Nikola Tesla: A Spark of Genius . Twenty-First Century Books . ISBN 978-0-8225-4920-8 .
Jonnes, Jill (2004). Empires of Light: Edison, Tesla, Westinghouse, and the Race to Electrify the World . Random House Trade Paperbacks. ISBN 978-0-375-75884-3 .
Klooster, John W. (2009). Icons of Invention: The Makers of the Modern World from Gutenberg to Gates . ABC-CLIO . ISBN 978-0-313-34743-6 .
O'Neill, John J. (1944). Prodigal Genius: The Life of Nikola Tesla . Ives Washburn. ISBN 0-914732-33-1 . (reprinted 2007 by Book Tree, ISBN 978-1-60206-743-1 )
Pickover, Clifford A. (1999). Strange Brains and Genius: The Secret Lives Of Eccentric Scientists And Madmen . HarperCollins . ISBN 978-0-688-16894-0 .
Seifer, Marc J. (2001). Wizard: the life and times of Nikola Tesla: biography of a genius . Citadel. ISBN 978-0-8065-1960-9 .
Seifer, Marc J. (1998). Wizard: The Life And Times Of Nikola Tesla . Citadel. ISBN 978-0-8065-3556-2 .
Van Riper, A. Bowdoin (2011). A Biographical Encyclopedia of Scientists and Inventors in American Film and TV since 1930 . Scarecrow Press. ISBN 978-0-8108-8128-0 .
Надворешни врски
Општо Електромагнетизам
оддавања од КГФ/МГФ Оптички оддавања
Извори Примена Научници