Стариот метрички систем содржел неколку групи на единици. SI е развиен во 1960 година од стариот систем метар-килограм-секунда (mks), наспроти системот цантиметар-грам-секунда (cmgs) кој имал повеќе варијанти. Бидејќи SI не е постојан, тој е менлив комплет од стандарди во кој се создаваат единици и дефинициите се менуваат според меѓународна согласност соодветно на напредокот на технологијата на мерење.
Системот е речиси насекаде прифатен, со мали исклучоци. Забележителен исклучок е САД, кој продолжува да ги користи вообичаените единици наспроти системот SI. Во Обединетото Кралство, префрлањето на системот SI е официјална политика, која сè уште не е завршена. Земјите кои сè уште употребуваат единици кои не се дел од SI (пр., САД) ги имаат предефинирано овие единици преку единиците на SI.
Утврден на единаесеттата генерална конференција за мерки и тегови во 1960 година, тој има седум основни и две дополнителни големини и единици за коишто се смета дека во потполност ги карактеризираат нам познатите појави, а и материјата која можеме сетилно да ја восприемаме. Се нарекуваат основни, бидејќи од нив се изведуваат сите останати. Во долната табела се дадени основните SI-единици, како и нивните дефиниции:
Единицата за маса е еднаква на масата на меѓународниот прототип за килограм (еталон од платина и иридиум) чуван во Меѓународното биро за тегови и мерки (BIPM), во Севр, предградие на Париз (1. CGPM (1889), CR 34-38). Напомена: килограмот е единствена основна единица со претставка; грамот се дефинира како изведена единица, еднаква на 1/1000 од килограмот; претставките како што е мега, се додаваат на грам, а не kg; на пример, Gg, а не Mkg. Исто така, тој е единствена единица која сѐ уште се дефинира преку физичкиот прототип наместо природната појава со која е можно да се измери (видете килограм за алтернативната дефиниција).
Единицата за време претставува траење од точно 9192631770 периоди од зрачењето кое одговара на преминот меѓу две хиперфини нивоа од основната состојба на атомот на цезиум - 133 на температура од 0 К (13. CGPM (1967-1968) Резолуција 1, CR 103).
Единицата за должина е еднаква на изминатиот пат којшто го минува светлината низ вакуум за време од 1/299792458 секунди (17. CGPM (1983) Резолуција 1, CR 97)..
Единицата за електрична струја претставува постојана струја која, кога би се одржувала во два прави и паралелни проводници сместени во вакуум на меѓусебно растојание од еден метар со неограничена должина и занемарливо мал кружен пресек, би предизвикала меѓу нив сила еднаква на 2×10−7њутни по метар должина (9. CGPM (1948) Резолуција 7, CR 70).
Единицата за термодинамичката температура (или апсолутна температура) е точно 1/273,16 од термодинамичката температура на тројната точка на водата (13. CGPM (1967) Резолуција 4, CR 104).
Единицата за количество супстанција е количество на супстанција која содржи толку елементарни единки, колку што има атоми во 0,012 килограми од изотопот на чистиот јаглерод 12 (14. CGPM (1971) Резолуција 3, CR 78). (елементарните единки можат да бидат атоми, молекули, јони, електрони или честички.) Оваа единица е приближно еднаква на 6,02214199×1023 (Авогадров број).
Единицата за јачина на светлината е светлинската јачина во одреден правец од извор на светлина кој емитува монохроматскозрачење со честота од 540×1012херци и чијашто јачина на зрачењето во тој правец е 1/683 вати по стерадијан (16. CGPM (1979) Резолуција 3, CR 100).
Покрај основните единици, се употребуваат и изведени SI единици, како на пример, њутн (за сила), паскал (за притисок), џул (за енергија), килограм на кубен метар (за густина) итн.[3]
Префикси во Меѓународниот систем на едиици
Во Меѓународниот систем на единици се користат следниве префикси:[4]
↑Бојан Шоптрајанов, Хемија за втора година на реформираното гимназиско образование (петто изменето и дополнето издание). Скопје: Просветно дело, 2009, стр. XX.
↑Бојан Шоптрајанов, Хемија за втора година на реформираното гимназиско образование (петто изменето и дополнето издание). Скопје: Просветно дело, 2009, стр. XXI.