Наксос (Νάξος) — грчки остров и најголем од Киклади. Островот претставувал центар на архаичната Кикладска цивилизација. Островот е познат како извор на ерери, карпа богата со корунд, која во денешно време е една од најдобрите достапни абразиви.
Најголемиот град и главен град на островот е Наксос, со 6.533 жители (попис од 2001 година). Главните села се Филоти, Априрантос, Вивлос, Агиос Арсениос, Коронос и Глинадо.
Според старогрчката митологија, младиот Зевс бил воспитан во пештера на планината Зас. Хомер споменува за Дија додека Карл Керењи објаснува:
Една легенда вели дека пред Тројанската војна, Тезеј ја донел Аријадна на овој остров откако помогнала да го убие Минотаур и да избега од лавиринтот. Дионис (бог на виното), кој бил заштитник на островот, се запознал и се вљубил во неа. Но, на крајот, Аријадна била убиена од Артемида.
Пештерата Зас, населена за време на неолитската ера, содржи предмети од камен од Мелос и бакарни предмети. Присуството на злато и други предмети во пештерата им покажало на истражувачите дека местото било населено[3].
Во текот на 8 и 7 век п.н.е., Наксос доминирал во трговијата во Киклади. Наксос била првата грчка градска држава која се обидела да ја напушти Делианската лига околу 476 п.н.е. Атина брзо ја отфрлила идејата и насилно ги отстранила сите воени поморски бродови од контролата на островот. Атина потоа побарала сите идни исплати од Наксос да бидат во форма на злато, а не во форма на воена помош.
Херодот го опишува Наксос околу 500 п.н.е. како најпросперитетен грчки остров[4].
Во 502 п.н.е., неуспешниот напад на Наксос од страна на персиските сили довел да неколку истакнати луѓе во грчките градови Јонија да се побунат против Персија во т.н. Јониски револт, а потоа и во војната помеѓу Грција и Персија.
Папата Мартин бил затворен на островот Наксос речиси една година откако бил уапсен од страна на византиските власти во Рим, поради неговото одржување на синод на кој го осудил монотелитизмот. Тој бил задржан на островот пред да биде одведен во Цариград за да му се суди. Додека бил на островот, тој му пишувал често на некој Теодор кој живеел во Цариград[5] .
Во времето на Византија, Наксос бил дел од темата Егејско Море, која била основана во средината на 9 век.
По завршувањето на Четвртата крстоносна војна, венецијанецот Марко Санудо го освоил островот и наскоро го окупирал остатокот од островите на Киклади. Од сите острови, единствено Наксос пружел отпор, чија опсада на главниот замок продолжила пет недели, кога замокот се предал[6].
Наксос станал седиште на Војводство Наксос, каде Марко Санудо владеел со титулата Војводата од Наксија. Дваесет и еден војвода во две династии владееле со Наксос, до 1566. Венециското владеење продолжило до 1714 година. Под венецијанско владеење, островот бил наречен според неговото италијанско име, Насо.
Отоманската администрација останала во рацете на Венецијанците; загриженоста на Портата била задоволувана преку враќањето на даноците. Многу малку Турци некогаш се населиле на Наксос, а турското влијание на островот секогаш било мало. Под османлиско владеење островот бил познат како Накша. Османлискиот суверенитет траел до 1821 година, кога островот станал дел од Грција во 1832 година.
Најголемиот град и центар на островот е Хора, понекогаш нарекуван и град Наксос, со население од околу 11.000 жители. Во општи црти островот има jajцевидна форма и географски се дели на планински Наксос (на исток и север) и рамен Наксос (на запад и југ).
Наксос се пресекува од север на југ од планинско место кое е речиси насекаде голо и карпесто со геолошки формации главно во централниот дел, блиску до Керамоти, додека на југ се формираат два масиви - Зевс (999 метри) и Коронас (997). Друг висок врв е Фанари (908 метри). Зевс е највисоката точка на Кикладите. Планината е природна бариера за влажни воздушни маси кои предизвикуваат значителни дождови на островот. Релативно високите височини ја прават климата помека на лето. Во зима, понекогаш врвовите на Зевс се покриени со снег.
Во западниот дел на островот е сместен полуостровот Стелис (Стелида) кој го затвора Заливот Свети Прокопиј, во северниот дел на кој се наоѓа и пристаништето на главниот град на островот. Првите работи на создавање на пристаништето на Хора започнале во 1919 година преку поврзувањето на островите Палатија, Стронгилис и Вакхос. На север, пристаништето на Панмормос ги брани бродовите од северните ветрови.
Климата е средоземна, со релативно благи зими и многу топли лета[7].
Од геолошка гледна точка Наксос е изграден од различни типови кристалинни шкрилци, гнајс, како и мермер. Карпи со плеистоценска возраст се откриваат на полуостровот Стилидас како и на север и североисток, во близина на брегот. Карпи од вулканско потекло се наоѓаат во близина на Енгарес и на други места. Покрај мермерот во централниот дел и североисточниот дел, во близина на Коронос, постојат и депозити од песочник.
Наксос денес пертставува популарно туристичко одредиште. Има голем број на плажи, како што се оние во Агиа Ана, Агиос Прокопиос, Аликос, Кастраки, Микри Вигла, Плака и Агиос Георгиос, повеќето од нив во близина на Хора. Како и другите острови, Наксос се смета за ветровито место совршено за сурфање на ветер. Постојат седум спортски клубови на островот кои ги нудат и овие спортови и други активности за вода.
Наксос е најплодниот остров на Кикладите. Има добро снабдување со вода во регион каде што водата обично е несоодветна. Планината Зевс (1.004 метри) е највисокиот врв на Кикладите. Ова го направи земјоделството важен економски сектор со различни растителни и овошни култури, како и сточарството, што го направи Наксос најосновниот остров во Кикладите. Наксос е добро познат во Грција по сирењето, компирот и Китрон, локален лимон-цитрус.