Мербек (германски: Meerbeck) — општина во округот Шаумбург, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.
Општината се наоѓа јужно од Шаумбуршката Шума и околу четири километри северозападно од окружниот град Штатхаген. Средногерманскиот Канал поминува низ местото Фолксдорф во општината.
Соседни општини се општините Видензал, Нидернверен и Нордзел, градот Штатхаген, општината Хеспе, како и градот Петерсхаген во сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија.
Мербек е составен од следни места: Мербек, Фолксдорф и Куксхаген. Општината Мербеке од 1974 година претставува составна единица на општинската заедница Нидернверен.