Луден (германски: Luhden) — општина во округот Шаумбург, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.
Луден се наоѓа во долина помеѓу ридските масиви Харл на север и Везер на југ и се граничи со шест општини. На исток и североисток се граничи со општините Буххолц (кај Штатхаген) и Хесен, додека на север и северозапад со општината Бад Ајлзен и градот Бикебург. На запад се наоѓа сојузната граница со Северна Рајна-Вестфалија и Луден се граничи со градот Порта Вестфалика. На југ се граничи со градот Ринтелн.
Првото спомнување на Луден (тогаш спомнат како Ludhen) — во документите на манастирот од Обернкирхен од 1281 година.[2]