Макпетрол - македонско трговско друштво за складирање, дистрибуција и продажба на гас и нафтени деривати, со седиште во Скопје. Името „Макпетрол“ е добиено со комбинација на „Македонија“ и „петрол“.
„Макпетрол“ е основан во 1947 година, под името „Југопетрол - Скопје“, со 85 вработени и неколку бензински станици.[1]
Пролетта 2017 година, „Макпетрол“ ја отворил својата 126. бензинска станица во Македонија, сместена во Желино, во која биле инвестирани околу 170 милиони денари.[2] Во 2017 година, „Макпетрол“ ја отворил и својата 127. бензинска станица во Вевчани, а во фирмата работеле вкупно 1.800 вработени.[1][3]
Претседател на управниот одбор на „Макпетрол“ е Андреја Јосифовски.[1]