Линотопска Река (грчки: Ρέμα Λινοτοπίου) — високопланинска река во Нестрамско, Егејска Македонија, десна притока на Бистрица.[1][2]
Реката извира од планината Грамошта северно под врвот Огуро (1.593 м) — географската граница меѓу Македонија и Епир. Оттука тече на север. Минува низ котлината каде се наоѓаат урнатините од напуштеното влашко село Линотопи, по кое е наречена. Продолжува на север и се влева во Бистрица (тука наречена Белица) меѓу напуштените села Ветерник и Загар.[2]