1,3,7-триметилксантин
Кофеинот е метилксантин кој е присутен во чајот и во кафето и претставува стимулативно средство кое денес се користи низ целиот свет. Ова соединение претставува алкалоид горчлив по вкус (впрочем тоа е и едно од физичките својства на алкалоидите). Изолиран од чајот и кафето и се употребува во медицината како благ стимуланс, како и за третирање на некои видови главоболки. Дејството на кофеинот е различно и широко. Преку инхибиција на некои ензими се влијае врз покачувањето на концентрацијата на цикличниот AMP (аденозин монофосфат).
Кофеинот делува стимулативно врз нервниот систем, делува на бубрезите како благ диуретик и при тоа помага во исфрлувањето на вишокот на флуиди од организмот. Кофеинот исто така делува стимулативно врз срцевиот мускул, ја покачува будноста итн. Инфузиите направени од листовите на Camellia sinensis (чај) се конзумирале на исток пред околу два милениума и практично се донесени во Европа во шеснаесеттиот век.
Британците се сметаат за најголеми консументи на чај, со просечна годишна конзумација од околу 4,5 кг, a тоа одговара на околу 300 mg кофеин.
Зрната од кафе содржат просечно по 1 % кофеин, зелениот чај содржи 1,5 - 2,5 % кофеин, кола пијалаците содржат од 12 – 18 mg кофеин на 100 mL, а некои енергетски пијалаци можат во себе да содржат значително поголем процент на кофеин.
Кофеинот претставува стимулативно средство кое создава извезна зависност. Кофеинот може да ја подобри мобилизацијата на слободните масни киселини, притоа овозможувајќи му на организмот да ги искористи како енергија (мастите при разложувањето ослободуваат најголем процент на енергија, потоа доаѓаат белковините, па јаглехидратите). Многу истражувачи се обидуваат да ја поврзат големата консумација на кофеин со зголемувањето на ризикот од болести, како на пример ракот, високиот крвен притисок и срцевите заболувања, но досега постењето на ваква врска не е еднозначно докажано.
Кофеинот кога се прима заедно со друга храна може да пречи во апсорбцијата на минералите, како на пример калциумот и железото. Така на пример пиењето многу кока-кола може да пречи во апсорбцијата на калциум, а со тоа забите и коските стануваат помалку отпорни на кршење.