Колдиц (германски: Colditz) — град во округот Лајпциг, во сојузната покраина Саксонија, Германија, близу Лајпциг, сместен на бреговите на реката Мулде.
Градот е најпознат по неговиот замок, Замок Колдиц, кој бил користен како принуден камп, ментална институција и воен камп во текот на Првата светска војна и како Офлаг IV-C во Втората светска војна.
Историја
Првите докази за населба, сместена на реката Мулде, наречена Cholidistcha се од 1046 година.[2]
Во 1083 година, Хајнрих Четврти предложил грофот Випрехт од Гројцш да изгради замок на ридот над реката. Во текот на XII век биле изградени куќите околу плоштадот, како и црквата Свети Никола. Во 1265 му биле доделени градските права. Во 1504, пекарот ненамерно предизвикал пожар во градот, со што градското собрание, црквата, замокот и голем дел од градот изгореле. Во 1506, започнала обновата и биле изградени нови згради околу руинираниот замок.
Во текот на XVII век се развиле текстилната и ткајачката индустрија. Во XVIII век, глината од околината на Колдиц започнала да се користи во фабриката за порцелан во Мајсен, која била основана во 1710 од изборниот кнез на Саксонија. Во 1804 била основана фабрика за керамика во Колдиц од Thomsberger & Hermann.
Во текот на Втората светска војна градот не доживеал никаква штета. Градот станал седиште за воениот персонал, кои ги чувале воените заробеници во замокот, кој бил претворен во камп. На 14 април 1945, американската армија влегла во градот и ги ослободила затворениците. Меѓутоа, со договорите потпишани на Јалта, Американците се повлекле и биле заменети од советските окупациски силе во јуни 1945. Како последица на тоа, Колдиц и целата покраина Саксонија станале дел од Источна Германија. Во 1958 била отворена фабрика за порцелан[2].
Од повторното обединување на Германија во 1990, се прават напори за зголемување на бројот на туристите. Замокот бил обновен и добил музеј.[3] Големите поплави во август 2002 предизвикале штета на стариот град, но биле поправени.
Знаменитости
- Замок Колдиц
- Црква Свети Никола - првично изградена во средината на XII век
- Стариот плоштад - Markt[4]
- Долен плоштад - Untermarkt 3
Збратимени градови
Колдиц е збратимен со:
Сообраќај
Во близина на градот се наоѓаат два аеродрома: Аеродром Лајпциг-Алтенбург (26 км) и Аеродром Лајпциг/Хале (52 км).
Наводи
- Колдиц во Историскиот именик на места во Саксонија (германски)
Надворешни врски
Градови и општини во округот Лајпциг |
---|
| | |
|