Вурцен (германски: Wurzen) — град во округот Лајпциг, во сојузната покраина Саксонија, Германија. Се наоѓа на реката Мулде, 25 километри источно од Лајпциг. Има катедрала, која потекнува од XII век, замок, некогашна резиденција на бискупите од Мајсен и подоцна користен како суд, неколку школи, земјоделска школа и како полициска станица со затвор.
Основан по 600 година од Словените, Вурцен за првпат е споменат во документ за дарување од Отон I во 961 како „Burgward“ civitas vurcine. Станал град во раниот XII век, кога бискупот од Мајсен ја основал соборната црква тука. Во 1581 година преминал во Изборното кнежевство Саксонија. Во текот на Триесетгодишната војна (1637) бил опколен од шведската армија и за малку целосно запален.
Во 1768, Гете патувал од Лајпциг до Дрезден и назад низ Вурцен. Долгото чекање за фериботот го инспирирало за преминот во неговото прво издание на Faust.
На 31 јули 1838 година Вурцен бил поврзан со првата железница на долги одредишта (Лајпциг-Дрезден, отворена 7 април 1839). Така, првиот железнички мост во Германија бил изградена над реката Мулде.
Меѓународни односи
Вурцен е збратимен со следниве градови:
Главни знаменитости
- Соборна црква Св. Богородица (катедрала, осветена 1114)
- Лутеранска црква Св. Венцеслав (XVI/XVII век)
- Католичка црква Исусово Срце (осветена 1902)
- Замок Вурцен (од 1497 до 1581 повремено резиденција на бискупот на Дрезден-Мајсен, пример за доцна готска архитектура)
- Куќа Лосов (историско-културен музеј)
- Родната куќа на баснописецот Магнус Готфрид Лихтвер на плоштадот Катедрла (XVII век)
- Поранешна пошта од Електоратот Саксонија со амблем на портата (1734)
- Класично градско собрание (по пожарот 1803). Денес библиотека и галерија на градот.
Познати жители
Наводи
Надворешни врски
Градови и општини во округот Лајпциг |
---|
| | |
|