Коензим А

Коензим А
Назнаки
85-61-0 Ок
ChEBI CHEBI:15346 Н
ChEMBL ChEMBL1213327 Н
ChemSpider 6557 Ок
DrugBank DB01992 Ок
3Д-модел (Jmol) Слика
KEGG C00010 Ок
MeSH Coenzyme+A
PubChem 6816
UNII SAA04E81UX Ок
Својства
Хемиска формула
Моларна маса 0 g mol−1
Дополнителни податоци
 Ок(што е ова?)  (провери)
Освен ако не е поинаку укажано, податоците се однесуваат на материјалите во нивната стандардна состојба (25 °C, 100 kPa)
Наводи

Коензим А (КоА, CoA, SCoA, CoASH) е коензим познат по својата улога во биосинтезата и оксидацијата на масните киселини, и оксидацијата на пируватот во Кребсовиот циклус. Сите досега секвенционирани геноми кодираат ензими кои го користат коензимот А како нивен супстрат, а го користат околу 4% од сите клеточни ензими. За негова биосинтеза потребни се соединенијата: цистеин, пантотенска киселина и аденозин трифосфат (ATP).[1]

Откривање на структурата

Структура на коензим A: 1: 3'-фосфоаденозин. 2: дифосфат. 3: пантоинска киселина. 4: β-аланин. 5: β-цистамин.

Структурата на коензимот А била откриена во почетокот на 1950-тите во Институтот Листер, во Лондон, од страна на Фриц Липман и неговите соработници од Харвардскиот Медицински факултет и Општата болница во Масачусетс.[2] Липман првично имал намера да го проучува трансферот на ацетилната група кај животните, а во текот на експериментите забележал фактор кој не бил присутен во ензимските екстракти, но бил евидентен кај сите органи на животните. Тој го изолирал и го прочистил факторот од свински црн дроб и открил дека неговата функција е поврзана со коензим кој бил активен во ацетилација на холин.[3] Коензимот бил наречен коензим А, што се однесува на неговата функција на "активирање на ацетатот". Во 1953 година, Фриц Липман ја добил Нобеловата награда за физиологија или медицина "за откривање на ко-ензим А и неговата важност во интермедиерниот метаболизам".[4]

Биосинтеза

Коензимот А се синтетизира од пантотенска киселина (витамин Б5), која се наоѓа во прехранбени производи како што се месото, зеленчукот, житариците, мешункастите плодови, јајцата и млекото.[5] Кај луѓето и повеќето животни, пантотенската киселина е значаен витамин, кој врши разновидни функции.[6] Кај растенијата и некои бактерии, пантотенската киселина може да се синтетизирана de novo, па затоа кај нив таа нема улога на витамин. Овие организми ја синтетизираат пантотенската киселина од аминокиселината аспарагинска киселина и еден метаболит од биосинтезата на аминокиселината валин.[7]

Кај сите живи организми, коензимот А се синтетизира во процес кој вклучува пет чекори и за кој се потребни четири молекули на ATP, пантотенска киселина и цистеин:[8]

  1. Пантотенската киселина (витамин Б5) се фосфорилира до 4'-фосфопантотенат од страна на ензимот пантотенат киназа (PanK; CoaA; CoaX). Ова е посветениот чекор во биосинтезата на КоА, за кој е потребна енергија од ATP.
  2. Молекула на цистеин се додава на 4'-фосфопантотенат од страна на ензимот фосфопантотеноилцистеин синтетаза (PPCS; CoaB) за да се формира 4'-фосфо-N-пантотеноилцистеин (PPC). И овој чекор е проследен со хидролиза на ATP.
  3. PPC се декарбоксилира до 4'-фосфопантетеин од страна на ензимот фосфопантотеноилцистеин декарбоксилаза (PPC-DC; CoaC)
  4. 4'-фосфопантетеин се аденилира за да формира дефосфо-КоА, од страна на ензимот фосфопантетеин аденилил трансфераза (PPAT; CoaD)
  5. На крај, дефосфо-КоА се фосфорилира до коензим А, од страна на ензимот дефосфокоензим А киназа (DPCK; CoaE). За одвивање на последниот чекор исто така е потребен ATP.

Кратенките на ензимската номенклатура во загради претставуваат еукариотски и прокариотски ензими, соодветно. Овој биосинтетски пат е регулиран со инхибиција на производот. КоA е компетитивен инхибитор на пантотенат киназата, која нормално врзува ATP. Производи на биосинтетскиот процес се коензим А, три ADP молекули, еден монофосфат и еден дифосфат.

Новите истражувања покажуваат дека коензимот А може да се синтетизира и преку алтернативни патишта кога нивото на внатреклеточниот коензим А се намалува, а de novo патот е попречен.[9] Во овие патишта, коензим А треба да биде обезбеден од надворешен извор, како што е храната, со цел да се создаде 4'-фосфопантетеин. Ектонуклеотид пирофосфатите (ЕНПП) го разградуваат коензимот А до 4'-фосфопантетеин, која е стабилна молекула. Ацил-носечките белковини (ACP) исто така се користат за продукција на 4'-фосфопантетеин. Оваа патека овозможува да се надомести 4'-фосфопантетеинот во клетката и ја овозможува неговата претворање во коензим А со помош на ензимите PPAT и PPCK.[10]

Функција

Синтеза на масни киселини

Бидејќи коензим А е, во хемиски смисла, тиол, тој може да реагира со карбоксилни киселини за да формира тиоестри, со што функционира како носител на ацилна група. Тој помага во пренесување на масните киселини од цитоплазмата во митохондриите. Молекула на коензим А која носи ацилна група се нарекува ацил-КоA. Овој процес ја олеснува синтезата на масните киселини во клетката, кои се од суштинско значење за структурата на клеточната мембрана.

Коензим А е, исто така, извор на фосфопантетеинската група која се додава како простетична група на белковини, како ацил-носечката белковина и формилтетрахидрофолат дехидрогеназата.[11][12]

Продукција на енергија

Коензимот А е еден од петте клучни коензими кои се неопходни во циклусот на лимонска киселина. Во форма на ацетил-коензим А, тој го започнува циклусот на лимонска киселина, донирајќи го ацетатот на оксалоацетат за да се добие лимонска киселина (цитрат). Овој процес е главниот катаболен пат кај многу организми, и е од суштинско значење за разградување на основните биолошки молекули, како што се јаглехидратите, аминокиселините и липидите.[13][14]

Список на некои ацилни групи кои се активираат од коензим А

Наводи

  1. Matthew Daugherty; Boris Polanuyer; Michael Farrell; Michael Scholle; Athanasios Lykidis; Valérie de Crécy-Lagard; Andrei Osterman (2002). „Complete Reconstitution of the Human Coenzyme A Biosynthetic Pathway via Comparative Genomics“. The Journal of Biological Chemistry. 277 (24): 21431–21439. doi:10.1074/jbc.M201708200. PMID 11923312.
  2. Baddiley, J.; Thain, E. M.; Novelli, G. D.; Lipmann, F. (1953). „Structure of Coenzyme A“. Nature (journal). 171 (4341): 76. doi:10.1038/171076a0.
  3. Kresge, Nicole; Simoni, Robert D.; Hill, Robert L. (2005-05-27). „Fritz Lipmann and the Discovery of Coenzyme A“. Journal of Biological Chemistry (англиски). 280 (21): e18–e18. ISSN 0021-9258. Архивирано од изворникот на 2019-04-12. Посетено на 2018-07-14.
  4. "Fritz Lipmann - Facts". Nobelprize.org. Nobel Media AB 2014. Web. 8 Nov 2017. <http://www.nobelprize.org/nobel_prizes/medicine/laureates/1953/lipmann-facts.html>
  5. „Vitamin B5 (Pantothenic acid)“ (англиски). Посетено на 2017-11-08.
  6. „Pantothenic Acid (Vitamin B5): MedlinePlus Supplements“ (англиски). Архивирано од изворникот на 2017-12-22. Посетено на 2017-12-10.
  7. LEONARDI, ROBERTA; JACKOWSKI, SUZANNE (April 2007). „Biosynthesis of Pantothenic Acid and Coenzyme A“. EcoSal Plus. 2 (2). doi:10.1128/ecosalplus.3.6.3.4. ISSN 2324-6200. PMC 4950986. PMID 26443589.
  8. Leonardi R, Zhang YM, Rock CO, Jackowski S (2005). „Coenzyme A: back in action“. Progress in Lipid Research. 44 (2–3): 125–153. doi:10.1016/j.plipres.2005.04.001. PMID 15893380.
  9. de Villiers, Marianne; Strauss, Erick (October 2015). „Metabolism: Jump-starting CoA biosynthesis“. Nature Chemical Biology. 11 (10): 757–758. doi:10.1038/nchembio.1912. ISSN 1552-4469. PMID 26379022.
  10. Sibon, Ody C. M.; Strauss, Erick (October 2016). „Coenzyme A: to make it or uptake it?“. Nature Reviews. Molecular Cell Biology. 17 (10): 605–606. doi:10.1038/nrm.2016.110. ISSN 1471-0080. PMID 27552973.
  11. „Acyl carrier protein. X. Acyl carrier protein synthetase“. J. Biol. Chem. 243 (13): 3603–11. July 1968. PMID 4872726.
  12. „Acyl carrier protein-specific 4'-phosphopantetheinyl transferase activates 10-formyltetrahydrofolate dehydrogenase“. J. Biol. Chem. 285 (3): 1627–33. January 2010. doi:10.1074/jbc.M109.080556. PMC 2804320. PMID 19933275.
  13. Ahern, Kevin; Rajagopal, Indira; Tan, Taralyn (2017). Biochemistry Free For All (PDF). Creative Commons. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-07-26. Посетено на 2018-07-14.
  14. Alberts, Bruce; Johnson, Alexander; Lewis, Julian; Raff, Martin; Roberts, Keith; Walter, Peter (2002). „How Cells Obtain Energy from Food“ (англиски). Наводот journal бара |journal= (help)

Литература

  • Nelson, David L.; Cox, Michael M. (2005). Lehninger: Principles of Biochemistry (4. изд.). New York: W.H. Freeman. ISBN 0-7167-4339-6.

Read other articles:

Awan stratusAwan stratusAwan stratusSingkatanStSimbolKetinggiandi bawah 2.000 meter m ( ft)lbs Stratus (St) adalah awan yang berbentuk kabut yang berada pada ketinggian rendah.[1] Awan stratus termasuk dalam sepuluh bentuk dasar awan atau genera, istilah stratus menunjukan pelapisan atau stratifikasi yang berbentuk lembaran atau lapisan.[1] Awan stratus tidak tumbuh secara vertikal seperti tipe kumulus, awan ini berkembang mengikuti aliran angin yang mengakibatkan udara terkon...

 

عزلة جياح  - عزلة -  تقسيم إداري البلد  اليمن[1] المحافظة محافظة حجة المديرية مديرية أفلح اليمن خصائص جغرافية إحداثيات 15°56′35″N 43°24′47″E / 15.94292°N 43.41293°E / 15.94292; 43.41293  الارتفاع 1201 متر  السكان التعداد السكاني 2004 السكان 17٬602   • الذكور 9٬363   •

 

Lieve Van Daele Plaats uw zelfgemaakte foto hier Volledige naam Lieve Van Daele Geboren Sint-Niklaas, 4 december 1963 Kieskring Oost-Vlaanderen Regio Vlaanderen Land  België Functie Politicus Partij CD&V Functies 2007 - 2018 Gemeenteraadslid Sint-Niklaas 2007 - 2010 Volksvertegenwoordiger[1] 2007 - 2012 Schepen Sint-Niklaas Website Portaal    Politiek Onderwijs Lieve Van Daele (Sint-Niklaas, 4 december 1963) is een Belgisch politica voor CD&V. Biografie Va...

Protein and coding gene in humans PER3IdentifiersAliasesPER3, GIG13, FASPS3, period circadian clock 3, period circadian regulator 3External IDsOMIM: 603427 MGI: 1277134 HomoloGene: 7886 GeneCards: PER3 Gene location (Human)Chr.Chromosome 1 (human)[1]Band1p36.23Start7,784,291 bp[1]End7,845,177 bp[1]Gene location (Mouse)Chr.Chromosome 4 (mouse)[2]Band4|4 E2Start151,003,652 bp[2]End151,044,665 bp[2]RNA expression patternBgeeHumanMouse (ortholo...

 

NGC 3664   الكوكبة الأسد[1]  رمز الفهرس NGC 3664 (الفهرس العام الجديد)KPG 283b (Catalogue of isolated pairs of galaxies in the northern hemisphere)UGC 6419 (فهرس أوبسالا العام)PGC 35041 (فهرس المجرات الرئيسية)[2]2MASX J11242425+0319299 (Two Micron All Sky Survey, Extended source catalogue)IRAS 11218+0336 (IRAS)MCG+01-29-041 (فهرس المجرات الموروفولوجي)KPG 283 (Catalogue of ...

 

 烏克蘭政府機構外交部外交部标志(國徽英語版本)機構概要成立時間1917年11月12日前身機構乌克兰苏维埃社会主义共和国外交部機構類型外交部、乌克兰的政府部门[*]机构驻地烏克蘭基輔聖邁克爾廣場1號[1]僱員數2,000+ [2]隸屬部長德米特罗·库列巴[3]上级机构政府內閣網站官方網站影像资料 烏克蘭語縮寫版本的標誌 乌克兰外交部(烏克蘭語:Міністе

本條目存在以下問題,請協助改善本條目或在討論頁針對議題發表看法。 此條目需要补充更多来源。 (2019年6月29日)请协助補充多方面可靠来源以改善这篇条目,无法查证的内容可能會因為异议提出而被移除。致使用者:请搜索一下条目的标题(来源搜索:盾之勇者成名錄角色列表 — 网页、新闻、书籍、学术、图像),以检查网络上是否存在该主题的更多可靠来源(判定...

 

A Catedral de Santa Cecília e o Palácio Berbie, Comuna de Albi. Mapa da França, com a localização do departamento de Tarn. Mapa da França, com a localização Região Administrativa Sul-Pireneus. Tarn é um departamento da França localizado na região Midi-Pyrénées. Sua capital é a cidade de Albi, e o nome deve-se ao rio Tarn. Nesta lista estão relacionadas as 314 comunas, 2 arrondissements e 23 cantões que fazem parte do departamento francês do Tarn.[1] Arrondissements Albi Cast...

 

يفتقر محتوى هذه المقالة إلى الاستشهاد بمصادر. فضلاً، ساهم في تطوير هذه المقالة من خلال إضافة مصادر موثوق بها. أي معلومات غير موثقة يمكن التشكيك بها وإزالتها. (ديسمبر 2018) النشج علمعلمOfficial seal ofشعار تقسيم إداري  الدولة  السعودية تعديل مصدري - تعديل   النشج قرية سعودية، ت...

Wesley KoolhofKoolhof di AS Terbuka 2016Kebangsaan BelandaTempat tinggalDuiven, BelandaLahir17 April 1989 (umur 34)Zevenaar, BelandaTinggi1,8 mMemulai pro2008Tipe pemainTangan kanan (backhand dua tangan)PelatihRob Morgan, Mariusz Fyrstenberg[1]Total hadiahUS$3,228,355TunggalRekor (M–K)0–0Gelar0Peringkat tertinggiNo. 462 (5 Agustus 2013)GandaRekor (M–K)233–158 (59.59%)Gelar14Peringkat tertinggiNo. 1 (7 November 2022)Peringkat saat iniNo. 2 (12 Juni 2023)Hasil terbaik ...

 

Japanese animation studio Lesprit Co., Ltd.Native name株式会社レスプリRomanized nameKabushiki gaisha ResupuriTypeKabushiki gaishaIndustryAnimation studioFoundedDecember 2016; 7 years ago (2016-12)HeadquartersTobe Honmachi, Nishi-ku, Yokohama, Kanagawa PrefectureKey peopleShimizu KanakoTotal equity¥ 10,000,000Number of employees8Websitelesprit.jpFootnotes / references[1] Lesprit Co., Ltd. (Japanese: 株式会社レスプリ, Hepburn: Kabushiki g...

 

Halaman ini berisi artikel tentang lomba NASCAR Seri Piala di Nashville Superspeedway. Untuk lomba lain yang sempat memiliki nama yang sama, lihat Nashville 420. Ally 400NASCAR Cup SeriesTempatNashville SuperspeedwayLokasiGladeville, TennesseeSponsor korporasiAlly FinancialLomba pertama2021Jarak tempuh400 mi (640 km)Lap300[1]Stage 1: 90Stage 2: 95Final stage: 115Informasi sirkuitPermukaanConcretePanjang1.333 mi (2.145 km)Tikungan4 Ally 400 adalah balapan NASCAR Cup...

Russian stringed musical instrument This article is about the musical instrument. For other uses, see Balalaika (disambiguation). Balalaika3 string prima balalaikaString instrumentClassification Plucked string instrumentHornbostel–Sachs classification321.321(Composite chordophone)DevelopedLate 18th to early 19th centuries late 20th centuryPlaying range Related instruments Baglama Dombra Domra Panduri TopshurMore articles or information Pronunciation The balalaika (Russian: балала́й...

 

Eleonora van Bourbon-Condé Eleonora van Bourbon-Condé (30 april 1587 — 20 januari 1619) was de dochter van Hendrik I van Bourbon-Condé en diens tweede vrouw Charlotte de la Tremoille. Tevens was zij de nicht van koning Hendrik IV van Frankrijk. Eleonora trouwde op 23 november 1606 in Fontainebleau met Filips Willem van Oranje, die toen reeds 51 was. Toen haar man na een verkeerde medische behandeling kwam te overlijden, erfde Eleonora niets, aangezien Philips Willem al zijn bezittingen a...

 

Ancient script of Central and South Asia Brahmi redirects here. For other uses, see Brahmi (disambiguation). For later scripts derived from Brahmi, see Brahmic scripts. BrahmiBrāhmīBrahmi script on Ashoka Pillar in Sarnath (c. 250 BCE)Script type Abugida Time periodAt least by the 3rd century BCE[1] to 5th century CEDirectionleft-to-right LanguagesSanskrit, Pali, Prakrit, Tamil, Saka, TocharianRelated scriptsParent systemsEgyptian hieroglyphs[note 1]Proto-Sinaitic...

American soldier (born 1985) Monica BeltranBeltran in 2012Born1985 (age 37–38)AllegianceUnited StatesService/branchVirginia Army National GuardYears of service2003–2023RankStaff sergeantUnit1173rd Transportation Company (2005)Battles/warsIraq War (WIA)War in AfghanistanAwardsCombat Action BadgeBronze Star Medal with V devicePurple HeartArmy Commendation MedalArmy Good Conduct MedalNational Defense Service MedalGWOT Expeditionary MedalGlobal War on Terrorism Service Meda...

 

Theme park division of NBCUniversal Universal Destinations & ExperiencesTypeSubsidiaryIndustryTheme parkFoundedJuly 15, 1964; 59 years ago (1964-07-15)[1]HeadquartersOrlando, Florida[2]Key peopleMark Woodbury(CEO)OwnerComcastNumber of employees25,000ParentNBCUniversalSubsidiariesUniversal Studios Hollywood[3]Universal Orlando Resort[3]Universal Studios Japan[4]Universal Studios SingaporeUniversal Beijing ResortUniversal Kids Resort...

 

This article needs additional citations for verification. Please help improve this article by adding citations to reliable sources. Unsourced material may be challenged and removed.Find sources: The 2nd Imaginary Symphony for Cloudmaking – news · newspapers · books · scholar · JSTOR (February 2008) (Learn how and when to remove this template message) 2002 studio album by The Music Tapes2nd Imaginary Symphony For CloudmakingStudio album by The M...

Autonomous county in Qinghai, ChinaMinhe County 民和县Autonomous county民和回族土族自治县 • مٍهْ خُوِذُو تُوذُو ذِجِشِیًا‎ • Miinhoo Hui szarbaten Mongghul szarbaten njeenaa daglagu xanMinhe Hui and Tu Autonomous CountyMinheLocation of the seat in QinghaiCoordinates (Minhe County government): 36°19′12″N 102°49′51″E / 36.3200°N 102.8308°E / 36.3200; 102.8308CountryChinaProvinceQinghaiPrefecture-level cityHa...

 

الأمانة العامة لوزارة الدفاع المصرية تفاصيل الوكالة الحكومية البلد  مصر الاسم الكامل الأمانة العامة لوزارة الدفاع المصرية المركز القاهرة،  مصر الإدارة المدير التنفيذي لواء أركان حرب / فهمي هيكل، أمين عام وزارة الدفاع المصرية وأمين سر المجلس الأعلى للقوات المسلحة ت...

 

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!