Кичевско-поречки дијалект

Кичевско-поречки дијалект
Јазично семејство
Јазични кодови
ISO 639-3
{{{mapalt}}}
Кичевско-поречкиот дијалект на картата на македонските дијалекти. Кичевско-поречкиот е дел од централните говори обележани со бела боја.

Кичевско-поречки дијалект — дијалект што спаѓа во подгрупата на централни дијалекти на западното наречје на македонскиот јазик. Кичевско-поречкиот дијалект е близок дијалект со прилепско-битолскиот дијалект и со останатите дијалекти на централната подгрупа. Овој дијалект, заедно со останатите дијалекти од централната подгрупа, се основата врз која се темели стандардниот македонски јазик.

Територија и граници

Дијалектот се зборува на територијата на областа Кичевија, односно во градот Кичево со околните рамничарски села, планинските села во подножјето на Бистра и Буковиќ, кои го претставуваат дијалектното тромеѓе со горнополошкиот и галичкиот говор, потоа во селата по долината на Треска и нејзините притоки, од изворишниот дел во областа Копачка, по целото течение во Порече, сè до последното поречко село Здуње, каде што на север допира до тетовскиот и скопскиот каршијачки говор на североисток. Источно преку планините Даутица и Караџица избива на областа Азот, во Велешко, додека југозападно завршува на Пресека, каде што преку Дебрца граничи со охридско-струшките говори, а југоисточно некаде на границата помеѓу Копачка и Железник, од каде што продолжуваат прилепско-битолските говори. Овој дијалект е застапен во две градски населби, во Кичево и гратчето Македонски Брод, како и во повеќе од 100-тина села кои се наоѓаат на оваа територија.

Говорни целини

Од фонетко-фонолошки, како и од морфолошки аспект, кичевско-поречкиот дијалект не е единствен на целата територија. Поради тоа, се дели на три помали говорни целини:

Фонолошки одлики

  • На местото на самогласното л овде има рефлекс самогласно л со извесен мал призвук пред него: жăлт, вăлна и др. На југ и на исток оваа особеност се простира со прилепско-битолското подрачје.
  • Самогласните групи еа, оа во овие говори не се менуваат и упростуваат: гоедо од говедо, стреа од стреха.
  • Прасловенските групи *stj, *skj, *zdj, *zgj се заменуваат со шт, жд: клешти, глуждот, дождот и др.
  • Во кичевското подрачје гласовната секвенца ни во повеќесложни зборови во положба зад друга самогласка со метатеза се изменила во ин, а потоа во јн како и во охридскиот говор: воденица – водеинца – водејнца.

Морфолошки одлики

  • Личните и роднинските имиња од машки род што завршуваат на согласка и на самогласката е се јавуваат со наставка у во дативни конструкции: Му реков Стојану, Душану.
  • Именките што завршуваат на е во дативната форма се јавуваат со наставка -у но во корелација со согласката т од општата форма: Петрету, Крстету. Под ова се подведуваат и роднинските имиња: чичету, татету.
  • Старата дативна наставка -ове (ое) ја среќаваме во дативна конструкција кај именки што завршуваат на о: Му дадов Јанкое, Маркое, а ова се однесува и на роднинските имиња.
  • Дативна падежна наставка од некогашни меки основи на -и се генерализирала кај лични и роднински имиња, на пример, ѝ (је) реков Мари, ѝ (је) дадов Цвети, ѝ (је) реков вујни, стрини и др.
  • Со синтетички дативни форми се изразува посесивно значење: му реков татко му Андону, Татко је Даници го пратија дома. Во другите централни говори ваквите изрази ги среќаваме со предлогот од или на и општата форма: речи му на брат му на Андона.
  • Формата на личната заменка за прво лице еднина е ја.
  • По аналогија на еднинските форми мене ме виде и мене ми рече долгите заменски форми во акузатив и во датив се изедначиле, долгата форма нас се наложила и во акузатив и во датив: нас нѐ виде и нас ни рече, наместо нам ни рече.
  • Во трето лице се обопштила дативната форма. Ним им рече во датив ја среќаваме и во акузатив ним ги виде, наместо нив ги виде.
  • Употреба на деминутивната наставка –уле : детуле.
  • Наставката за прво лице множина во минатите определени времиња од -вме се изменила со -вне: бевне, рековне, можеби за ова помогнал елементот н од заменката ние.
  • Во трето лице еднина во сегашно време се чува наставката -т : одит, спиет, носит, викат.
  • Кај глаголите во прво лице еднина во сегашно време редовно испуштање на наставката –м : ода, јада, шета, гледа, спија, уча, зборува.
  • Кај глаголите од несвршен вид во трето лице еднина и множина во употреба на наставката -ува преку редукција се добива наставка –уј, а со редовното додавање на живата наставка –т се добива –ујт: зборува-зборујт, пишува-пишујт, влегува-влегујт, качува-качујт.

Разлики меѓу кичевскиот и поречкиот говор

  • Во подрачјето од кичевскиот говор што се граничи со преспанскиот регион се јавува промена на самогласните групи оа и еа како што се измениле и во охридско-преспанското подрачје, оа се изменило во долго о: ковач – кōч, товар – тōр, а еа се скратила во ја: стреа – стрја, беа – бја, ова е особеност на кичевскиот говор која поречкиот не ја познава.
  • Во кичевскиот говор групите стр и здр се чуваат неизменети: Бистра, здравје, па дури и се вметнува секундарно т и д и во ср и зр: стребро, стреда, здрел.
  • Во кичевскиот говор особеност е што согласната група *tъr преминала во тар: ветар, итар.
  • Во поречкиот говор стр, здр се упростиле и преминале во ср и зр: сесра, зравје.
  • Во поречкиот говор во прасловенската група *tъr се вметнал секунадрен глас О: ветор, итор, а овој секундарен глас се јавува и во групата *tъn: огон.
  • Поречкиот говор на север граничи со скопското подрачје, па со него споделува некои одлики. На пример, кај именките од среден род на е ја среќаваме множинската наставка -иќи: пилиќи, прасиќи. Оваа наставка веројатно се има пенетрирано од северните говори.
  • Во поречкиот говор како и во Скопско наставката за глаголскиот прилог се јавува како –јќе: одејќе, носејќе, а поретко се јавуваат формите одејќи.
  • Од северните говори преку Скопско во поречкиот говор има навлезено и предлогот уз со значење покрај (на пр. уз река).

Примери

Поречки дијалект
Сиби́л еденси́ромаф. Би́л гла́вен као́фчар. Еднуш о́фците силе́жале на́пладне и то́ј си ле́жел до о́фците соро́ката по́тпрен. Се запа́лило крајо́фците о́ген’. Пи́штит не́што во о́гин’от, ле́леет го́рата. Огнот мусепри́бират назми́јата и таа пи́штит. Овја штоби́л у́бо срце, ка́ко дајеспа́сит зми́јава, сепла́шил да негои́зеет. Сепре́думал на́јпосле и гопру́жил ста́пот кејзми́јата. И зми́јата се зафа́тила заста́по и у́горе поро́ка ио́колувра́т согла́ата на́прет. И муве́лит зми́јава нао́фчарот: „Ајде, ке́јќетено́са ја́, та́мо ќо́јме“.[1]
Кичевски дијалект
До́јде еднаа́ждеја соде́вет глај. Коисесја́де, сека́че наеноте́пе ви́соко. Сера́сплаче и пу́шти три со́лѕи. Ти́е три́солѕи гоодне́соа Ста́мбол поло́јната. Ра́збрал ца́рот затајара́бота, сео́пулел нате́пето и ре́кол даепра́шат ажде́ата што́сакат. Ажде́ата ре́кла: „Или ма́ш мина́јдојт ца́рот, или ци́л Ста́мбол ќегоо́днеса“. Ца́рот сесе́тил затро́јца бра́ќа штоживе́еле воСта́мбол. Пра́тил лу́ѓе дапра́шаат зати́е тро́јца бра́ќа. Кого пра́шале е́дниот алиса́кат даиби́дет ма́ш наажде́ата, то́ј ре́кол отине́ќе, поштосии́мал же́на. Гопра́шале две́ќиот. То́ј ре́кол: „Ја́ сии́мам же́на и е́ден го́лем пи́ф кајштоси во́за ка́јк“. По́шле кајпоста́риот и муре́кле: „Али са́каш даиби́диш ма́ш наажде́ата?“ — „Мо́жа, сесогла́соа“ — рекол тре́ќиот и езе́л ажде́ата заже́на и та́ка гоку́ртулел Ста́мбол.[1]
Песна „Омарно жешко сонце“

Омарно жешко сонце грејт
и никој на земата не смејт
очи да отворит, ура, ура.
И никој на земјата не смејт
очи да отворит, напред, напред.

Ја народ црнејт, таму на брего
и ноќта ангел јасно викаше:
„О, Боже, до кога и до Бога?“
и ноќта ангел јасно викаше:
„О, Боже, до кога и до Бога?“

Наводи

  1. 1,0 1,1 Бојковска, Стојка; Лилјана Минова - Ѓуркова, Димитар Пандев, Живко Цветковски (декември 2008). Саветка Димитрова (уред.). Општа граматика на македонскиот јазик. Скопје: АД Просветно Дело. стр. 436–437. ISBN 978-9989-0-0662-7 Проверете ја вредноста |isbn=: checksum (help).CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)

Поврзано

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!