Округот се наоѓа во историската област Банат. Најголем дел од неговата површина е покриена со Банатските планини, а на крајниот западен дел се наоѓа најисточниот дел на Панонската низина. Големо значење за округот има и реката Дунав, која е главен водотек во регионот и ја сочинува границата меѓу Романија и Србија.
Демографија
Округот спаѓа во групата на повеќенационални окрузи во Романија. Според пописот во Романија во 2002 година, Романците сочинуваат 88,2% од населението во округот, Ромите 2,4%, 1,9% се Хрвати, по 1,8% Германци и Срби, 1,7% Унгарци и 1% Украинци. Останатите 0,2% од населението се припадници на некоја друга националност.