Зулу

Зулу
isiZulu
Застапен во ЈАР
 Зимбабве
 Лесото
 Малави
 Мозамбик
 Есватини
ПодрачјеКвазулу-Натал, Дурбан, Јоханесбург
Говорницимајчин: 10 милиони
втор јазик: 16 милиони  
Јазично семејство
Статус
Службен во ЈАР
Регулативен органПанјужноафрикански јазичен совет
Јазични кодови
ISO 639-1zu
ISO 639-2zul
ISO 639-3zul
{{{mapalt}}}
Делот од населението на Јужноафриканската Република кое зборува зулу дома
  0–20%
  20–40%
  40–60%
  60–80%
  80–100%

Зулу (самон. исизулу) е банту-јазик, службен јазик на Јужноафриканската Република и мајчин јазик на народот Зулу. Јазикот го зборуваат околу 10 милиони луѓе, претежно во Јужноафриканската Република. Овој јазик е јазик кој најмногу се зборува по домаќинствата во државата, односно го зборуваат околу 24% од домаќинствата и го разбираат околу 50% од населението на државата. Во 1994 година јазикот станал единаесетти службен јазик во ЈАР. Зулу, како и сите останати банту-јазици, користи латиница како свое основно писмо.

Географска распространетост

Зулу припаѓа на Југоисточната група на банту-јазиците поточно на групата нгунски јазици. Јазикот се зборува во Квазулу-Натал во која 81 % од населението зборуваат зулу како мајчин јазик. Потоа се зборува во Мпумаланга со околу 26% и Гаутенг со околу 21%. Исто така е зборуван во некои други африкански држави, но со значителен процент во Лесото и Свазиленд. Јазиците ндебеле (зборувани во Зимбабве), сисвати (свази) и нгуни (порано зборуван во Малави) се сродни јазици на зулу и настанати од XIX век со селидба на зулу-население. Јазикот коса е доминантен во Зелено’ртската Република и е сличен со зулу.

Примери

Sawubona Здраво, на една личност
Sanibonani Здраво, на група луѓе
Unjani? / Ninjani? Како си? / Како сте?
Ngisaphila / Sisaphila Добар сум. / Добри сме.
Ngiyabonga (kakhulu) Благодарам (многу)
Ngubani igama lakho? Како се викаш?
Igama lami ngu... Моето име е...
Isikhathi sithini? Колку е часот?
Ngingakusiza? Може да помогнам?
Uhlala kuphi? Каде престојуваш?
Uphumaphi? Од каде си?
Hamba kahle / Sala kahle Оди со добро / Остани со добро (исто како „пријатно“ за една личност)
Hambani kahle / Salani kahle Оди со добро / Остани со добро (исто како „пријатно“ за група личности)
Eish! леле!
Hhayibo Не! / Доста! / Нема шанси!
Yebo Да
Cha Не
Angazi Не знам
Ukhuluma isiNgisi na? Дали зборуваш англиски?
Ngisaqala ukufunda isiZulu Штотуку почнав да учам Зулу.

Користена литература

Надворешни врски

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!