Квазулу-Натал (англиски: KwaZulu-Natal) — покраина во Јужноафриканската Република. До 1994 г. оваа територија била составена од покраините Натал и Бантустан. Порано регионот бил нарекуван Наталија, а подоцна бил преименуван во Наталска Колонија. Натал е познат како градинска покраинаи е дом на народот Зулу. Се протега од границите со Свазиленд и Мозамбик, па сè до Источниот Кејп на југ. Малата држава Лесото исто така граничи со оваа покраина на запад.
Географија
Покраината има три различни географски области: нискиот регион долж брегот на Индискиот Океан, рамнините во централниот дел и двете планински области — Змејските Планини и венецот Лебомбо на север. Реката Тугела тече од запад кон исток преку центарот на покраината.
Просечната температура во покраината се движи од 17° до 28 °C од октомври до април и од 11° до 25 °C во поладните месеци. Годишните врнежи на дожд се околу 690 mm, паѓајќи во текот на целата година.