Јоханесбург е најнаселениот град во Јужноафриканската Република и третиот најнаселен град во Африка, по Каиро и Лагос. Жителите му дале прекари на градот, како "Jo'burg", "Jozi" и "eGoli". Јоханесбург е провинцискиглавен град на провинцијата Гаутенг, најбогатата провинција во ЈАР и место каде се наоѓа уставниот суд на Јужна Африка. Градот е еден од четириесетте најголеми метрополи во светот и единствениот глобален град во Африка (класифициран како во светски град). Иако понекогаш погрешно се смета дека Јоханесбург е главен град на ЈАР, тој не е ни еден од официјалните главни градови на ЈАР (иако Преторија, која е дел од истиот урбан ентитет е главен град).
Според пописот од 2001 година, населението на градот е повеќе од три милиони. Површината на Јоханесбург е 1,644 км2, додека неговата густина на население е само 1,962/км2. Населението на целата јоханесбуршка метрополитенска област е единаесет милиони. Дел од овој град е и Совето на југозапад, гратче коешто апартхејдот го оспособи за живеалиште на голем број на мигранти-работници.