Жак Картие е роден во Сент Мало на североисточната граница на полуостровот Бретања којшто подоцна (во 1532 година) е присоединет со Франција.Тој имал одлични морепловски познавања,а бил и позната личност во градот.Тој го подобрил својот социјален статус женејќи се со Мери Катерина де Гранше којашто била од најпознатото аристикратско семејство во Сент Мало.Тој бил и запишуван како кум и сведок од баптистите.
Првото патување, 1534
Откако во 1532 година Бретања била присоединета кон Франција францускиот бискупЖан ле Венер го претставил на францускиот кралФрансис I.Жан ле Венер пред кралот ја докажал способноста во морепловсртвото на Жак Картие,па така кралот стекнал доверба во него и му го доверил својот план,со пловидба на исток да се стигне до богатите пазари во источна Азија.Во тоа време и во Франција постоело тврдењето дека Земјата е округла,а не рамна плоча.Жак Картие тргнал на својата прва пловидба по Атлантскиот Океан на 10 мај1534 година.Откока стигнал на копно,тој веќе се наоѓал на островот Њу Фаундленд,а тој таму заплови по заливот Св.Лоренц,а го следел и текот на реката Св.Лоренц.Таму тој се сретнал со племето Ми-'Кмак.Тој ги разгледувал нивните каноа,и приклучил околу 40 со неговиот брод,а кога неколкумина припадници на племето кренале тревога во борба за мир тој наредил да се убијат.Тој се движел и низ шумите на новата територија,а на 24 јули 1534 година на новата територија подигнал крст на кој пишувале Долг живот за кралот на Франција,со што Картие ја земал во посед на францускиот крал Франсис И новооткриената територија.Таму тој открил и многу нови до тогаш не откриени видови на птици,животни и растенија.На ново откриената територија тој се сретнал со Шеф Донакона,а ги киднапирал неговите два сина.Тој се вратил во Франвција во септември 1534 година сигурен дека стигнал до Азија.
Второто патување, 1535-1536
Второто свое патување Жак Картие го започнал на 19 мај1535 година.Тој тргнал со 3 брода и екипаж од 110 луѓе.Тој стигнал до реката Св.Лоренц,но овој пат за првпат пловејќи по нејзиниот тек по којшто стигнал до Стадакона каде што Шеф Донакона бил земен од морепловците заедно со неговите два сина коишто тргнале заедно со експедицијата од Франција.
Тој потоа со мал брод се упатил по горниот тек на реката Св.Лоренц и стигнал до Хохелага (денешен Монтреал) на 2 октомври 1535.Хохелага го импресионирала повеќе од Стадакона,а таму тој подигнал и мост кој денес го носи неговото име.
На 11 октомври тој се вратил во Стадакона каде што решил да презими.Тој не очекувал големи проблеми во текот на зимата,но се изненадил уште од ноемвриските студови и од многу ниските температури кои донеле до замрзнување на реките и до 1.2 м во длабочина,а на најтесното место биле замрзнати во должина од 1.8 м.Се хранеле со уловената риба од јужните водни текови коишто не биле целосно замрзнати.По доаѓањето на пролетта Жак Картие презимил со помалку придрѕжници (25 од 110 придружници умреле поради лошите зимски услови и ниските температури).Картие предводејќи ги останатите 85 придружници решил да се врати во Франција истата пролет (1536).Овој пат тој со себе го земал и Шеф Донакона во Франција каде што на кралот сакал да му го покаже како доказ дека постои легендарното Кралство Сагвенај коешто е преполно злато.
На ова патување Картие тргнал со 5 брода на 23 мај 1541 година,но овој пат со цел да го најде Кралството Сагвенај,целосно заборавајќи на Азија.На 23 јули тој пристигнал во Стадакона,а таму изградил и прва населба со цел да започне населувањето на новата територија.Тој потоа стигнал до денешен Квебек каде што посадил зелка,како и дриуги градинарски растенија со семиња од Европа.
Тој таму бил во потрага по дијаманти,злато и други скапоцени камења,но во Франција се вратил со железни предмети.Барајќи го ветеното кралство Жак Картие запловил по реката Отава.
Од третото патување Картие се вратил во Франција во октомври1542 година,но без очекуваното богатство.