Еш на Алзет (луксембуршки: Esch-Uelzecht, германски: Esch-an-der-Alzette или Esch-an-der-Alzig, француски: Esch-sur-Alzette) е општина со статус на град во југозападниот дел на Луксембург. Градот е втора најнаселена општина во државата, со население од 33,286 жители.[1]
Тој се наоѓа во југозападниот дел од државата, на границата со Франција. Градот вообичаено се нарекува само Еш, но постои село и општина по на север со името Еш на Сур од која се разликува. Тој лежи во долината на реката Алзет, која тече низ градот. Главниот град, Луксембург, е оддалечен околу 15 километри североисточно.
Долг период на време Еш бил мало фармерско село во долината на реката Алзет. Ова се променило кога големи количини на железна руда биле пронајдени во областа во 1850 години. Со развој на рудници и челична индустрија, населението во градот се зголемило десеткратно за неколку децении. Во 1911 година била основана компанијата АРБЕД, која произведувала челик и железо.[2] Развојот на челичната индустрија, посебно во југот на државата, му донел на Луксембург одржлив економски раст во текот на втората половина од 19. век.[3]
Во 1970 години како резултат на челичната криза, рудниците и многу од високите печки биле затворени, последниот, во Еш-Белвал, дефинитивно престанал со работа во 1997 година.[3] Високите печки биле заменети со електропечки кои работат со отпадно железо наместо со железна руда.[4]
Денес индустриските пусти површини во квартот Белвал оставени од челичната индустрија, се преуредени и претворени во нов, модерен кварт на градот. Нови културни објекти како киното Утополис Белвал[5] и Рокхал, најголемата концертна сала во Луксембург,[6] училишта, станови и трговскиот центар Белвал Плаза, биле изградени во последните години.
Еш-сир-Алзет е дом на Националниот музеј на отпор, во кои се сместени материјали поврзани со отпорот кон германската окупација во текот на втората светска војна. Скулптурата насловена Политички затвореник изработена од Лусен Верколие се наоѓа на влезот на музјејот. Други туристички атракции се големиот парк, и кулата Бервар, изградена во 1621 година.
Милијатурната железница Ланкелц функционира во недела попладне и за време на државните празници во периодот од месец мај до средината на октомври.[7]
Во градот исто така се наоѓа Конзерваториумот на музиката.[8] Основан како музичко училиште во 1926 година, добил статус на конзерваториум во 1969 година.
Постојат две кина во центарот на градот, именувани 'Аристон' и 'Кинош' и трето именувано 'Утополис Белвал' кое се наоѓа во квартот Белвал. Во градот е сместен и театар кој го носи името на градот. Покрај овие објекти, во градот се наоѓа и објектот Културфабрик, кој претставува културен центар во пренаменетата градска касапница во кој се одвиваат настапи од различен вид.
Градот ја има најголемата трговска улица во Луксембург.[9]
Еш е срцето на традиционалниот фудбалски среден дел од југот на државата, и град кој прв го развил спортот во државата. Првите два основани клубови во државата, Фола Еш (основан во 1906 г.) и Жонес Еш (1907), доаќаат од градот. Женес Еш е најуспешниот луксембурски клуб, со освени дваесет и седум титули во националната лига; комбинирани со дванаесет титули од луксебурскиот куп. Своите натпревари на домашен терен, клубот ги игра на Стаде де ла Фронтиере, кој се наоѓа на југот од градот. Фола Еш бил важен клуб во првите години од лигата, со освоени пет титули до 1930 година, но клубот сега повторно е еден од најсилните во државата, со освоени титули во сезоните 2012–13 и 2014–15. Домашен терен на Фола Еш e Стаде Емил Мајриш, кој се наоѓа на југоистокот на Еш.
На Тур де Франс 2006, во Еш-сир-Алзет се возел крајот на втората етапа и почетокот на третата етапа.
Еш-сир-Алзет е збратимен со: