Ебергецен стекнал одредена слава бидејќи бил место каде Вилхелм Буш, создавач на приказните „Макс и Мориц“ поради кои многумина го сметаат за „татко на стрипот“, поминал голем дел од детството. Во местото, Буш живеел од 1841 до 1846 година, престојувајќи кај неговиот вујко Георг Клајне, свештеник во Ебергецен. Се спријателил со синот на воденичарот, нивен сосед, Ерих Бахман, поради што се шпекулира дека од таму потекнува приказната за двете момчиња во „Макс и Мориц“.
Во Ебергецен се наоѓа и Европскиот музеј за лебот.