Бовенден (германски: Bovenden; службено наречен Флекен Бовенден) — општина во округот Гетинген, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Голем дел од областа на денешната општина се наоѓа на поранешното Грофовија Плесе.
Општината поседува пазарно право и со тоа има некои одлики на град, но официјално не ги добила градските права. Сепак, означена е како „флекен“ (Flecken), мала населба со локално значење. Исто така, „флекен“ е застапени и во службеното име на местото. Во општината покрај Бовенден влегуваат и уште седум други места.
Географија
Бовенден се наоѓа на реката Лајне, околу 6 километри северно од Гетинген и на север се граничи со Гетингенската шума. Главно село и општинско седиште е Бовенден, сместено на Лит, мала река која се влева во Лајне. На рид источно од селото Едигехаузен се наоѓаат остатоците од замокот Плесе.
Општински единици
Општината е составена од следниве места:
Билингсхаузен
Бовенден
Едигехаузен
Еменхаузен
Харсте
Ленглерн
Рајерсхаузен
Шпанбек
Покрај постоечките села, постоеле и овие села кои исчезнале за време на средниот век:[2]
Родерсхаузен или Родерсхузен (2 км северозападно од Бовенден)[3]
↑Martin Last, Bovenden, der Flecken mit Tradition und Fortschritt. Verlag Erich Goltze, Göttingen, 1985. S. 11. ISBN 3-88452-811-4
↑Erhard Kühlhorn, Die Mittelalterlichen Wüstungen in Südniedersachsen, Band 3: O-Z, Verlag für Regionalgeschichte Bielefeld, 1995. S. 203-208, ISBN 3-89534-133-9
↑Erhard Kühlhorn, Die Mittelalterlichen Wüstungen in Südniedersachsen, Band 1: A-E, Verlag für Regionalgeschichte Bielefeld, 1994. S. 82-94, ISBN 3-89534-131-2
↑Erhard Kühlhorn, Die Mittelalterlichen Wüstungen in Südniedersachsen, Band 1: A-E, Verlag für Regionalgeschichte Bielefeld, 1994. S. 292-295, ISBN 3-89534-131-2
↑Erhard Kühlhorn, Die Mittelalterlichen Wüstungen in Südniedersachsen, Band 1: A-E, Verlag für Regionalgeschichte Bielefeld, 1994. S. 101-107, ISBN 3-89534-131-2
↑Erhard Kühlhorn, Die Mittelalterlichen Wüstungen in Südniedersachsen, Band 3: O-Z, Verlag für Regionalgeschichte Bielefeld, 1995. S. 293-298, ISBN 3-89534-133-9
↑Uta Klaer (1965). Der Flecken Bovenden im Stadtumland von Göttingen. Vororturbanisierung bei Zentralitätsschwund eines alten Exklavemittelpunktes. стр. 142.