Долевица — археолошко наоѓалиште во кавадаречкото село Рожден. Претставува населба и топилница од доцноантичкото време. Во планинскиот предел Прибош и до истоименото маало се наоѓаат грамади од топена железна руда. По површината на нивите се наоѓаат фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал.[1]
Поврзано
Наводи
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 159. ISBN 9989649286.