Грамаѓе — населба од римското време во атарот на селото Дабниште, Македонија. На 500 метри западно од селото, од десната страна на патот за Ресава, на една блага падина има фрагменти од керамички садови и грамади од градежен камен. Најдена е една профилирана ара со претстава на букранион. Арата се наоѓа пред портата на В. Пенков Мишев.[1]
Поврзано
Наводи