Бабин Дол — археолошко наоѓалиште во Кавадарци.
Претставува населба и некропола од римско време [1]
На 5 км источно од градот, во непосредната близина на зградата на ЗИК „Тиквеш“, во лозјето на Т. Мишов се откриени гробови „на две води“ градени од тегули. Откриена е монета од царот Октавијан Август со претстава на Јанус на реверсот. По површината на останатите лозја има многу фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал. Монетата се чува кај Трајко Мишов од Кавадарци.
Поврзано
Наводи