Дозиметрија

Дозиметрија — мерење на доза впиена од јонизирачкото зрачење, поимот е повеќе познат како научна под-специјалност во полињата на здравствената физика и медицинската физика, каде дозиметрија претставува пресметка и проценка на дозата на зрачењето добиена од човековото тело.

Внатрешната дозиметрија, која се должи на внесување и вдишување на радиоактивни материјали, се потпира на неколку физиолошки техники и техники на снимање. Надворешната дозиметрија, која се должи на зрачење од надворешни извори, е заснована на пресметки со дозиметар, или изведена од други инструменти со радиолошка заштита.

Дозиметријата се употребува за заштита од зрачење и е рутински применета од професионални работници со зрачење, каде зрачењето се очекува, но одредените дози не треба да бидат надминати. Исто така се употребува и каде што зрачењето не се очекува, како и кај последиците од јадрените катастрофи во Три Милји, Чернобил или Фукушима од кои се ослободени големи количества на зрачење, каде што јавното зрачење е измерено и пресметано од разни показатели како на пример амбиенталните мерења на зрачењето и радиоактивното загадување.

Други значајни области се медицинската дозиметрија, каде што секоја доза впиена при терапијата и секоја доза на колатерално впивање се набљудува, и дозимертија на животната средина, како што е следењето на присуството на радон во градбите.

Мерење на дозата на зрачење

Надворешна доза

Има неколку начини да се измери впиената доза од јонизирачото зрачење. Луѓе со професионален контакт со радиоактивните супстанци или оние коишто се изложени на зрачење, рутински користат персонални дозиметари. Тие се специјално дизајнирани да ги снимаат и да ги прикажуваат впиените дози. Традиционално тоа биле беџови коишто користат фотографски филм, кои хемиски ќе се разложи за да ја покаже примената доза. Филмските беџови се денес заменети со други уреди како што е ТЛД беџот кој користи термолуминисцентна дозиметрија или оптичко стимулирана луминисценција (ОСЛ) беџови.

Неколку електронски уреди познати како електронски персонални дозиметри (ЕПД) се во општа употреба поради употреба на полупроводници и процесорска технологија која може да се програмира за отчитување на примената доза. И овие се носат како беџови, но се способни брзо да ја покажат стапката на дозата и да дадат визуелен и звучен аларм ако стапката на дозата е надмината. Добар дел од информациите се веднаш достапни до носителите на снимените дози и ја покажуваат тековната брзина на дозата преку екранот. Тие може да се користат како главни самостојни дозиметри, или како додатоци на пример на ТЛД значката. Овие уреди се особено корисни за следење на реалното време на дозата каде што се очекува висока брзина на дозата која ќе ја лимитира изложеноста на носителот.

Во ICRP се наведува дека ако личниот дозиметар се носи на телото така што е насочен кон изложеноста, земајќуи предвид дека станува за целотелесна изложеност, вредноста на амбиенталниот дозен еквивалент Н (10) е доволен за да се обезбеди делотворна вредност на дозата погодна за радиолошка заштита.[1]

Во одредени околности, дозата може да се изведе од исчитувањата добиени со неподвижни мерни инструменти присутни во областа во која лицето работи. Ова најчесто би се користело само ако на него не му е доделен личен дозиметар, или доколку личниот дозиметар е оштетен или изгубен. Вака добиените резултати се неверодостојни и не ја отсликуваат вистинската примена доза.

Внатрешна доза

Внатрешната дозиметрија се користи за да се измери дозата добиена при примањето на радионуклеиди во човечкото тело.

Медицинска дозиметрија

Медицинската дозиметрија се занимава со пресметката на впиената доза и оптимизација на дозата во радиотерапијата. Често се изведува од страна на професионален медицински дозиметричар со специјализирана обука во оваа област. Со цел да се планира доставата во терапијата со зрачење, зрачењата произведени од страна на изворите обично се одликуваат со процентна длабочина на дозата и профилот на дозата, и се мери од страна на медицински физичари. Во терапијата со зрачење, три-димензионалните распределби на дозата честопати се оценуваат со користење на техника на дозиметријата позната како гел дозиметрија.[2]

Дозиметрија на животната средина

Дозиметријата на животната средина се користи таму каде што е веројатно дека ќе се создаде значителна доза на зрачење. Еден пример за ова е следењето на присуството на радон. Радонот е радиоактивен гас, создаден при распаѓањето на ураниумот, кој е присутен во различни количини во Земјината кора. Одредени географски области, поради основната геологија, постојано создаваат радон кој се распостранува искачувајќи се кон површината на Земјата. Во некои случаи, дозата може да биде значајна во градбите каде овој гас се насобира во опасни количини. Поради безбедносни причини се користат определен број на специјализирани техники со што може да се определи дозата што станарите во таа градба би можеле да ја добијат.

Мерења на дозата

Дозни количества изразени во СИ-единици за надворешна заштита од јонизирачки зрачења.
Графички приказ на поврзаноста меѓу СИ-единиците за зрачење

За да се овозможи разгледување на стохастичкиот ризик за здравјето, се вршат пресметки за да се определи физичката големина на впиената доза во еквивалентни и ефективни дози, чии детали зависат од типот на зрачење и биолошкиот контекст. За примени во заштитата од јонизирачките зрачења и проценката на дозите според Меѓународниот комитет за заштита од зрачење (ICRP) и Меѓународна комисија за радијациони единици и мерења (ICRU) се објавени препораки и податоци што се користат за да се пресметаат дозите.

Постојат неколку различни пресметки на дозата од јонизирачките зрачења, вклучувајќи ја впиената доза (D) која се мери во грејови (Gy), еквивалентната доза (H) измерена во сиеверти (Sv), делотворната доза (E) (исто така измерена во сиеверти) и керма (K) измерена во грејови и дозниот површински производ (DAP) и дозниот дожински производ (DLP). Секое мерење едноставно може да се смета за ‘доза’, па така може да дојде до забуна. Не-SI единиците сè уште се користат, особено во САД, каде што дозата е претставена во ради и еквивалентот на дозата во реми. По дефиниција, 1 Gy = 100 rad и 1 Sv = 100 rem.

Природното позадинско зрачење е впиената доза (D), која што е дефинирана како основната енергија која е доведена од јонизирачкото зрачење (dE) при единица маса (dm) на материјалот низ кој минува (D = dE/dm)[3] SI единицата за впиената доза е греј (Gy) дефинирана како џул на килограм. Впиената доза, како точкесто мерење, е соодветно за да се опишат изложеностите на месните (т.е. одделните органи) како што е дозата врз тумор во радиотерапијата.Може да се користи за да се процени стохастичкиот ризик, предвидениот износ и видот на ткивото кое е вклучено. Локалните дијагностички дози се обично во опсег од 0-50 mGy. Со доза од 1 милигреј (mGy) на фотонско зрачење, низ јадрото на секоја клетка поминато е во просек од 1 ослободен електронски пат.[4]

Еквивалентна доза

Впиената доза потребна за производство на одреден биолошки ефект е различна за различни видови на зрачење, како фотони, неутрони или алфа-честички. Ова се зема предвид при определувањето на еквивалентната доза (H), која е дефинирана како средна доза на органот T со зрачење тип R ( d T, Р ), помножено со фактор на пондерирање W R . Ова е со цел да се земе предвид биолошката ефикасност (RBE) од типот на зрачењето,[3] На пример, за истата впиена доза во Gy, алфа-честичките се 20 пати побиолошки потентни за разлика од рендгенските и гама-зраците. Мерката на 'дозен еквивалент' не е органскиот просек, кој се користи само за „оперативни количини“. Еквивалентна доза е наменета за проценка на ризиците од зрачењето при стохастичките изложености. Стохастички ефектот е дефиниран за проценка на дозата на зрачењето како веројатност на индукција на ракот и генетските оштетувања.[5]

Како што дозата е распределена упросечна низ целиот орган, еквивалентна доза ретко е подобна за испитување на акутните зрачења или дозата потребна за туморот кај радиотерапијата. Во случај на проценка на стохастичките ефекти, претпоставувајќи го линиско квадратниот модел, упросечувањето не би требало да направи разлика, бидејќи вкупната оддадена енергија останува иста.

Фактори за радијациско пондерирање WR (како што порано се нарекувало Q фактор)
употребен за да се претстави релативната биолошка ефикасност
според ICRP извештај 103[6]
Зрачење Енергија WR (поранешно Q)
рендгенски зраци, гама-зраци,
бета-зраци, миони
  1
неутрони < 1 MeV 2.5 + 18.2·e-[ln(E)]²/6
1 MeV - 50 MeV 5.0 + 17.0·e-[ln(2·E)]²/6
> 50 MeV 2.5 + 3.25·e-[ln(0.04·E)]²/6
протони, наелектризирани пиони   2
алфа-зраци,
производи на јадрен распад,
тешки јадра
  20

Делотворна доза

Делотворната доза е централното дозно количество за заштита од јонизирачките зрачења и се користи за одредување на границите на изложеност, за да се осигура дека појавата на стохастички здравствени ефекти е под граничните вредности и за да се избегнат последиците врз ткивата.[7]

Тешко е да се спореди стохастичкиот ризик од локализираната изложеност на различни делови од телото (на пример, рендгенското зрачење на градите во однос на CТ слика на главата), или да се споредат изложеностите од истиот дел од телото, но со различни шеми на изложеност (на пример, срцева CТ слика, со срцева јадрено медицинска слика). Еден начин да се избегне овој проблем е едноставно да се упросечи локализираната доза низ целото тело. Проблемот на овој пристап е дека стохастичкиот ризик од создавање на рак се разликува од едно до друго ткиво.

Делотворната доза Е , е осмислена така што ја зема предвид оваа промена со примена на специфични фактори на маса за секое ткиво (WT). Делотворната доза ја претставува еквивалената целотелесна доза која има ист ризик како и локализираните изложености. Може да се дефинира како збир на еквивалентни дози на секој орган  (HT), помножена со својот соодветен фактор на масата за тоа ткиво (WT).

Ткивните фактори на масата се пресметуваат од страна на Меѓународната комисија за радиолошка заштита (ICRP), врз основа на ризикот за настанување на рак за секој орган и приспособени за смртноста од секој вид на рак поединечно, квалитетот на животот и изгубените години од животниот век. Органите кои се оддалечени од местото на зрачење ќе добијат помала еквивалентна доза (воглавно поради расејувањето) и затоаовој придонес е помал кон делотворната доза, дури и ако коефициентот на факторот за тој орган е висок.

Делотворна доза се користи за проценка на стохастичките ризици за „определено“ лице, што е просечната вредност од вкупното население. Не е погодно да се проценува стохастичкиот ризик на поединечни медицински изложености, и не се користи за да се процени ефектот на акутното зрачење.

Фактори на пондерирање за различни органи[8]
Органи Фактори на пондерирање на ткиво
ICRP30(I36)
1979
ICRP60(I3)
1991
ICRP103(I6)
2008
Гонади 0.25 0.20 0.08
Црвена коскена срцевина 0.12 0.12 0.12
Дебело црево - 0.12 0.12
Бели дробови 0.12 0.12 0.12
Желудник - 0.12 0.12
Гради 0.15 0.05 0.12
Мочен меур - 0.05 0.04
Џигер - 0.05 0.04
Хранопровод - 0.05 0.04
Штитна жлезда 0.03 0.05 0.04
Кожа - 0.01 0.01
Коскена површина 0.03 0.01 0.01
Плунковни жлезди - - 0.01
Мозок - - 0.01
Остаток од телото 0.30 0.05 0.12

Доза наспроти извор или сила на полето

Дозата на зрачење се однесува на износот на енергија внесен во материјалот и/или биолошките ефекти на зрачењето, и не треба да се поистоветува со единицата за активноста (Бекерел, Bq) на изворот на зрачење, или силата на полето на зрачење. Во трудот посветен на единицата мерка сиверт има преглед на видовите дози и како тие се пресметуваат. Изложеноста на извор на зрачење ќе даде доза која е зависна од многу фактори, како што се активноста, времетраењето на изложеноста, енергијата на зрачењето, растојанието од изворот и дебелината на заштитата.

Позадинско зрачење

Просекот во светот за позадинската доза за едно човечко битие е околу 3,5 mSv годишно [1] Архивирано на 17 ноември 2003 г., пред сè од космичкото зрачење и природните изотопи во Земјината кора. Најголемиот единствен извор на зрачење за пошироката јавност во природата е благородниот гас радон, кој претставува околу 55% од годишната позадинска доза. Се проценува дека радонот е одговорен за 10% од случаите на рак на белите дробови во САД.

Стандарди за баждарење на мерни инструменти

Бидејќи човечкото тело е 70% вода и вкупната густина е блиску до 1 г/см 3 , мерењето на дозата обично се пресметува и калибрира како доза на водата.

Националните лабораториски стандарди, како што се оние на NPL обезбедија фактори на баждарење за јонизација на комори и други мерни уреди за претворање на отчитувањето на инструментот во впиена доза. Стандардните лаборатории работат со примарен стандард, каде баждарењето се одвива со апсолутна калориметрија, затоплувањето на супстанциите, кога тие ја впиваат енергијата. Корисникот ги праќа своите второстепени стандарди до лабораторија, каде што е изложен на познатата количина на зрачење (изведени од примарниот стандард) и се внесува фактор за да претвори читањето на инструментот за таа доза. Корисникот може потоа да го користи ниговиот второстепен стандард за да се изведат фактори на баждарење за други инструменти што се користат, кои потоа стануваат терцијарно стандардни, или теренски инструменти.

Во NPL во Велика Британија во употреба е ставен графитен калориметар за апсолутна фотонска дозиметрија. Се користи графит наместо вода поради неговиот специфичен топлински капацитет кој е една шестина од оној на водата, а со тоа зголемувањето на температурата во графитот е 6 пати поголема од износот во водата и мерењата се поточни. Постојат значајни проблеми при изолирањето на графитот во лабораторијата со цел да се измерат мали температурни промени. Смртоносна доза на зрачење на човечко е околу 10-20 Gy. Ова е 10-20 џули по килограм. А 1 м3 парче графит со тежина 2 грама би апсорбирало околу 20-40 mJ. Со специфичен топлински капацитет од околу 700 J · Kg -1 · К -1 , ова е еднакво на порастот на температурита за само 20 mK.

Дозиметрите во радиотерапијата (линиски забрзувач на честички во надворешната зрачна терапија) рутински се калибрира со користење на јонизациска комора [9] или технологија на диоди или гел дозиметри.[10]

Количини поврзани со зрачење

Следната табела покажува количини на зрачење на SI и не-SI единици.

Количина Име Симбол Единица Година Систем
Изложеност (X) рендген R esu / 0.001293 g воздух 1928 не-SI
Впиена доза (D) erg·g−1 1950 не-SI
рад rad 100 erg·g−1 1953 не-SI
греј Gy J·kg−1 1974 SI
Активност (A) кири c 3.7 × 1010 s−1 1953 не-SI
бекерел Bq s−1 1974 SI
Еквивалентна доза (H) рендгенски еквивалент rem 100 erg·g−1 1971 не-SI
сиверт Sv J·kg−1 1977 SI
Флуенца (Φ) (реципрочна област) cm−2 или m−2 1962 SI (m−2)

Иако Комисијата на САД за јадрена регулатива дозволува употреба на единиците кири, ради и реми заедно со SI единици,[11] Европската унија и европските директиви за единици и мерки целосно ги исфрлиле од употреба во „јавноздравствени цели“ на 31 декември 1985 година.[12]

Следење на изложеноста на зрачење

Следењето на резултатите од дозиметријата обично се чуваат определен период, во зависност од законските барања на државите во кои тие се користат.

Следењето на медицинската изложеностпна зрачење е начин на собирање на дозни информации од радиолошката опрема и користење на податоците за да помогнат да се препознаат можностите за да се намалат непотребните дози во медицинската употреба.

Поврзано

Наводи

  1. ICRP pub 103 para 138
  2. C Baldock, Y De Deene, S Doran, G Ibbott, A Jirasek, M Lepage, KB McAuley, M Oldham, LJ Schreiner 2010. Polymer gel dosimetry. Physics in Medicine and Biology 55 (5) R1
  3. 3,0 3,1 International Commission on Radiation Units and Measurements (ICRU).Options for Characterizing Energy Deposition. Journal of the ICRU Vol 11 No 2 (2011) Report 86
  4. Feinendegen LE. The cell dose concept; potential application in radiation protection. 1990 Phys. Med. Biol. 35 597
  5. Во ICRP се вели "со мала доза, под околу 100 mSv, научно е веродостојно да се претпостави дека инциденцата на рак или наследни ефекти ќе се зголеми во директен сооднос со зголемување на еквивалентна доза во релевантните органи и ткива "објавувено во ICRP 103 став 64
  6. „The 2007 Recommendations of the International Commission on Radiological Protection“. Annals of the ICRP. ICRP publication 103. 37 (2–4). 2007. ISBN 978-0-7020-3048-2. Посетено на 17 May 2012.
  7. ICRP publication 103, paragraph 112
  8. UNSCEAR-2008 Annex A page 40, table A1, retrieved 2011-7-20
  9. Hill R, Mo Z, Haque M, Baldock C, 2009. An evaluation of ionization chambers for the relative dosimetry of kilovoltage x-ray beams. Medical Physics. 36 3971-3981.
  10. Baldock C, De Deene Y, Doran S, Ibbott G, Jirasek A, Lepage M, McAuley KB, Oldham M, Schreiner LJ, 2010. Polymer gel dosimetry. Phys. Med. Biol. 55 R1–R63.
  11. 10 CFR 20.1004. US Nuclear Regulatory Commission. 2009.
  12. The Council of the European Communities (1979-12-21). „Council Directive 80/181/EEC of 20 December 1979 on the approximation of the laws of the Member States relating to Unit of measurement and on the repeal of Directive 71/354/EEC“. Посетено на 19 May 2012.

Надворешни врски

Read other articles:

Halaman ini memuat daftar episode sitkom televisi Nickelodeon Sam & Cat. Rincian episode Musim Episode Tanggal penayangan (jadwal A.S.) Penayangan awal Penayangan akhir 1 40[1] 8 Juni 2013 (2013-06-08)[2] 17 Juli 2014 (2014-7-17)[2][3][4] Daftar episode Musim pertama sebenarnya akan tampil 20 episode, namun Nickelodeon mengorder 40 episode.[1] Namun, hanya 36 episode saja yang diproduksi,[5] dan 35 episode saja yang ditayan...

 

Landschap van Ludogorie Ludogorie (Bulgaars: Лудогорие, meestal met een lidwoord, Лудогорието, Ludogorieto) of Deliorman (Делиорман, Turks Deliorman, lett. 'gekke bos', van het Bulgaarse lud, 'gek', 'wild', en gora, 'bos') is een gebied in Noordoost-Bulgarije. Belangrijke steden zijn Razgrad, Novi Pazar, Pliska en Isperich. In de oudheid werd Ludogorie bewoond door de Thracische stammen van de Geten die lokale architectonische bezienswaardigheden nalieten, zoals d...

 

Bahasa CommunicationsspracheDibuat olehJoseph SchipferTanggal1836Pengaturan dan penggunaanBahasa pengantar internasionalTujuanBahasa buatan Bahasa pengantar internasionalCommunicationssprache SumberSebagian besar kosa kata dan tata bahasa berasal dari bahasa Prancis, dengan beberapa pengaruh dari bahasa Latin, bahasa Inggris dan bahasa JermanKode bahasaISO 639-3Tidak ada (mis)GlottologTidak adaIETFart-x-commsspr  Portal BahasaSunting kotak info • L • B • PWBantu...

Artikel ini sebatang kara, artinya tidak ada artikel lain yang memiliki pranala balik ke halaman ini.Bantulah menambah pranala ke artikel ini dari artikel yang berhubungan atau coba peralatan pencari pranala.Tag ini diberikan pada November 2022. Doso AgungInformasi pribadiLahir5 Januari 1968 (umur 55) YogyakartaKebangsaan IndonesiaPekerjaanDirektur Utama PT Pelabuhan Indonesia III (Persero) (2018 - 2020)Direktur Utama PT Pelabuhan Indonesia IV (Persero) (2015 - 2018)Direktur Utama P...

 

Parque das Dunas Parque das Dunas (Salvador) Parque das Dunas (Salvador)Mapa do entorno. Localização Aeroporto (Salvador), Salvador – BA País  Brasil Tipo Público Área aprox. 6 mi m² Inauguração 1994 (29 anos)[1] Administração Universidade Livre das Dunas e Restinga de Salvador[2] Nº de visitas anuais Sim O Parque das Dunas, ou Parque Ecológico e Horto da Restinga (PEHR),[3] é uma reserva de cerca de 6 milhões de metros quadrados situado em Salvador, no esta...

 

إيدي لويس معلومات شخصية الميلاد 3 يناير 1935(1935-01-03)مانشستر  الوفاة 2 مايو 2011 (عن عمر ناهز 76 عاماً)جوهانسبرغ  سبب الوفاة سرطان  الطول 5 قدم 11 بوصة (1.80 م) مركز اللعب مهاجم  الجنسية المملكة المتحدة  مسيرة الشباب سنوات فريق 1947–1952 مانشستر يونايتد المسيرة الاحت...

Belgian table tennis player Philippe SaivePersonal informationNationality BelgiumBorn (1971-07-02) 2 July 1971 (age 52)Liège Medal record Representing  Belgium World Table Tennis Championships 2001 Men's Team Philippe Saive is a male former international table tennis player from Belgium.[1] Table tennis career He won a silver medal at the 2001 World Table Tennis Championships in the Swaythling Cup (men's team event) with Martin Bratanov, Marc Closset, Andras Podpinka, ...

 

1996 single by 3T WhySingle by 3T and Michael Jacksonfrom the album Brotherhood B-side Didn't Mean to Hurt You What Will It Take Tease Me ReleasedJanuary 11, 1996RecordedSeptember 9, 1995Genre R&B pop Length 5:20 (album version) 4:10 (radio edit) Label Epic MJJ Songwriter(s) Kenneth Babyface Edmonds Michael Jackson Producer(s)Michael Jackson3T singles chronology Tease Me (1996) Why (1996) I Need You (1996) Michael Jackson singles chronology This Time Around(1995) Why(1996) I Need ...

 

У Вікіпедії є статті про інших людей із прізвищем Яневський. Данило Борисович Яневський Народився 21 червня 1956(1956-06-21) (67 років)ЧернівціКраїна  СРСР УкраїнаМісце проживання КиївДіяльність історія, журналістикаГалузь історія[1], журналістика[1], редагуван...

Makam Clovis II (di depan) dan Charles Martel di Basilika Santo Denis Upeti kepada [Raja Kecil] Clovis II, oleh Albert Maignan, 1883 (Musée des Beaux-Arts de Rouen). Clovis II (637 – 27 November 655 or 658) menggantikan ayahnya Dagobert I pada tahun 639 sebagai Raja Neustria dan Burgundia. Saudaranya Sigebert III telah menjadi Raja Austrasia sejak tahun 634. Ia awalnya di bawah perwalian ibunya Nanthild sampai kematiannya pada tahun 642. Kematian ini membuatnya jatuh kebawah pengaruh para ...

 

County in Oklahoma, United States Not to be confused with Cleveland, Oklahoma. County in OklahomaCleveland CountyCountyCleveland County CourthouseLocation within the U.S. state of OklahomaOklahoma's location within the U.S.Coordinates: 35°12′N 97°20′W / 35.2°N 97.33°W / 35.2; -97.33Country United StatesState OklahomaFounded1890Named forGrover ClevelandSeatNormanLargest cityNormanArea • Total558 sq mi (1,450 km2) •...

 

Chemical compound D-15414Identifiers IUPAC name 1-ethyl-2-(4-hydroxyphenyl)-3-methylindol-5-ol CAS Number86111-11-7 YPubChem CID128800ChemSpider114137UNII58AE9Z8TW6ChEMBLChEMBL287232CompTox Dashboard (EPA)DTXSID801006609 Chemical and physical dataFormulaC17H17NO2Molar mass267.328 g·mol−13D model (JSmol)Interactive image SMILES CCN1C2=C(C=C(C=C2)O)C(=C1C3=CC=C(C=C3)O)C InChI InChI=1S/C17H17NO2/c1-3-18-16-9-8-14(20)10-15(16)11(2)17(18)12-4-6-13(19)7-5-12/h4-10,19-20H,3H2,1-2H3Key:B...

County in the United States For counties with a similar name, see Carbon County. County in UtahCarbon CountyCountyCarbon Power Plant at Castle Gate, Utah demolished in 2016Location within the U.S. state of UtahUtah's location within the U.S.Coordinates: 39°38′N 110°35′W / 39.64°N 110.58°W / 39.64; -110.58Country United StatesState UtahFoundedMarch 8, 1894Named forAbundant coal depositsSeatPriceLargest cityPriceArea • Total1,485 sq...

 

هذه المقالة يتيمة إذ تصل إليها مقالات أخرى قليلة جدًا. فضلًا، ساعد بإضافة وصلة إليها في مقالات متعلقة بها. (نوفمبر 2022) حكومة إدواردو ريدلمعلومات عامةالبلد البرازيل الاختصاص ماتو غروسو دو سول الانتخابات 2022 Mato Grosso do Sul gubernatorial election (en) التكوين 1 يناير 2023 المدة 11 شهرًا و6 أيامٍال...

 

In this Chinese name, the family name is Zhou. Zhou Qifeng周其凤Qifeng in 2011President of Peking UniversityIn officeNovember 2008 – March 2013Preceded byXu ZhihongSucceeded byWang EngePresident of Jilin UniversityIn office2004–2008Preceded byWu BodaSucceeded byZhan Tao Personal detailsBorn (1947-11-20) November 20, 1947 (age 76)Liuyang County, Hunan, ChinaPolitical partyCommunist Party of ChinaAlma materPeking UniversityUniversity of Massachusetts AmherstChinese nameTrad...

Corned beef pieCorned beef pie (left), served with cheddar soup and a saladTypeSavoury piePlace of originUnited KingdomServing temperatureHot or coldMain ingredientsCorned beef, onion, potatoes Corned beef pie is made from corned beef, onion and often thinly sliced, cubed or mashed potato. It can be eaten hot or cold, making it a suitable common picnic food and also a winter warmer. The corned beef from which the pie derives its name may be leftover corned beef, as from a Sunday dinner, or ti...

 

2013 film by Jim Jarmusch For the 1964 Dave Wallis novel, see Only Lovers Left Alive (novel). Only Lovers Left AliveTheatrical release posterDirected byJim JarmuschWritten byJim JarmuschProduced byJeremy ThomasReinhard BrundigStarringTilda SwintonTom HiddlestonMia WasikowskaAnton YelchinJeffrey WrightSlimane DaziJohn HurtCinematographyYorick Le SauxEdited byAffonso GonçalvesMusic byJozef van WissemYasmine HamdanSQÜRLProductioncompaniesRecorded Picture CompanyPandora FilmDistributed bySoda P...

 

Christine DowningDowning in 2008BornChristine Downing (1931-03-21) March 21, 1931 (age 92)Leipzig, GermanyNationalityAmericanOccupation(s)Educator, Writer Christine Downing (born March 21, 1931) is a scholar, educator, and author in the fields of mythology, religion, depth psychology, and feminist studies. Early life and education Christine Downing was born in 1931 in Leipzig, Germany. Her mother, Herta Fischer Rosenblatt, was a pharmacist, poet, and co-founder of the Haiku Society of Am...

Manaaja The Exorcist Ohjaaja William Friedkin Käsikirjoittaja William Peter Blatty Tuottaja William Peter Blatty Säveltäjä Steve Boeddeker Kuvaaja Owen RoizmanBilly Williams Leikkaaja Bud S. SmithEvan A. Lottman Pääosat Linda BlairEllen BurstynMax von SydowJason Miller Valmistustiedot Valmistusmaa Yhdysvallat Tuotantoyhtiö Warner Bros. Levittäjä Warner Bros.Netflix Ensi-ilta 1973 Kesto 122 minuuttia Alkuperäiskieli englanti Budjetti 12 000 000 $ Tuotto n. 441 300 000 $ Seuraaja Man...

 

終末のハーレム > 終末のハーレム (アニメ) 終末のハーレム ジャンル 近未来エロティックサスペンス[1]ディストピアSF[2] アニメ 原作 LINK・宵野コタロー 監督 信田ユウ シリーズ構成 髙橋龍也 脚本 髙橋龍也・山田哲弥 キャラクターデザイン 小関雅 音楽 大川茂伸 アニメーション制作 Studio五組×AXsiZ 製作 終末のハーレム製作委員会 放送局 TOKYO MXほか 放...

 

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!